ВМРО-ДПМНЕ: Софтвер за синтеза на говор
Ќе биде набавено софтверско решение за синтеза на говор на македонски јазик, пред сè наменето за лица со оштетен вид кои пристапуваат до веб – содржини на македонски јазик. Целта на оваа мерка е да се овозможи поголемо користење на придобивките од ИКТ на лицата со оштетен вид преку обезбедување на синтетизатор на говор кој ќе продуцира разбирлив говор со користење на македонскиот јазик. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. Буџет: 30.000 евра. [Рок: јануари 2012]
Образложение:
На 22 ноември 2011 година, Министерството за информатичко општество и администрација склучи договор со Факултетот за информациски технологии и компјутерско инженерство за изработка на системот за синтеза на говор на македонски јазик. Системот се уште не е испорачан, а рокот за исполнување е поминат. [Ажурирано на: 26.03.2012]
Според официјалниот документ на Владата на РМ, Речено – Сторено: Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери 2011-2012, во тек е изработката на софтверско решение за синтеза на говор на македонски јазик. Од ова може да се заклучи дека изработката на овој софтвер се уште не е завршена, иако рокот за тоа е јануари 2012 година. Со оглед на тоа дека рокот предвиден за завршување на активностите е истечен, а тие се уште се во тек, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 15.09.2012]
Линкови:
- Net Press (22.11.2011): Започна изработката на системот за синтеза на говор на македонски јазик. [Пристапено на: 26.03.2012]
- Влада на РМ (20.07.2012): Речено – Сторено: Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери 2011-2012. [Пристапено на: 15.09.2012]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар