ВМРО-ДПМНЕ: Сончева енергија во домовите
Во делот на стимулативните мерки за користење на сончевата енергија во домаќинствата, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со веќе потврдената практика и секоја година ќе субвенционира дел од средствата за инсталирање на соларен термален систем со кој ќе се обезбедува евтина топла вода за најмалку 500 домаќинства. [Рок: 2012 – 2015]
Образложение:
Оваа мерка беше воведена за 2012 година и изнесуваше 30% од вкупната инвестиција, но не повеќе од 300 евра. Истата мерка е најавена и за 2013 година, а за таа цел во буџетот се одвоени 6 милиони денари. [Ажурирано на: 24.04.2013]
Владата и во 2013 и во 2014 година објави дека ќе го субвенционира инсталирањето на сончеви колектори во домаќинствата, со надомест од 30 отсто од трошоците, односно од вредноста на колекторот или максимум 18 илјади денари. [Ажурирано на: 06.04.2014]
Со оглед на тоа, може да се каже дека ветувањето : „Сончева енергија во домовите е исполнето.
Линкови:
- Министерство за економија (07.02.2012): Министерот Сараќини ги промовираше субвенциите за соларни коелкторски системи во домаќинства за 2012 година. [Пристапено на: 24.04.2013]
- Сител Телевизија (02.02.2013): Сто илјади евра субвенции за поставување сончев колектор. [Пристапено на: 24.04.2013]
- Плус Инфо (02.02.2013): Повторно владини субвенции за сончеви колектори. [Пристапено на: 24.04.2013]
- Точка (07.02.2012): Сараќини: Шест милиони денари за субвенции за соларните колекторски системи во домаќинствата [Пристапено на: 06.04.2014]
- 24 Вести (02.02.2013): Владина поддршка за сончеви колектори во домовите [Пристапено на: 06.04.2014]
- е Магазин (25.01.2014): Оглас за субвенции за сончеви колектори [Пристапено на: 06.04.2014]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар