ВМРО-ДПМНЕ: Специјализации за лекари во странство

За лекарите што ќе бидат примени на стручни  специјалистички студии на универзитетските клиники на првите100 универзитети во светот според ранг-листата на Шангајскиот Џио Тонг ќе бидат обезбедени стипендии за спе-цијализација и престој. Со оваа мерка на овие студенти ќе им бидат покриени трошоците за специјализација на универзитетските клиники на најпрестижните универзитети во Европа и во светот, по што ќе имаат обврска најмалку 10 години по завршување на специјализацијата да продолжат да живеат и да работат во Република Македонија, а во спротивно, ќе мора да ѝ платат на државата надоместок во трикратен износ од добиената стипендија. Нивните стекнати знаења и искуства ќе придонесат кон зајакнување на специјалистичките компетенции како развој на научно-истражувачката дејност во Република Македонија од областа на медицината, како и градење на трајни врски за едукација и научна и стручна соработка со овие реномирани универзитетски клиники. Носител: Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за здравство. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Засега само во  2012 година биле отворени конкурси за доделување стипендија за докторски студии и специјализации од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата. Исто така во овие конкурси, за разлика од ветувањето од предизборната програма во кој е наведено дека стипендијата ќе ја покрива специјализацијата и трошоците за престој, е наведено дека приоритет ќе добијат оние кандидати за специјализација кои ќе бараат да им бидат покриени само трошоците за школарина.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

 

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција