ВМРО-ДПМНЕ: Стажирање на Македонци од соседните земји и дијаспората во Македонија

vmro-dpmneЦел на овој проект е доближување на младите од дијаспората до Република Македонија. Предвидено е учество да земат студенти во завршните години на студирање, припадници на македонските заедници во соседните држави и во дијаспората. Истите ќе стажираат и земат учество во работните активности на државните институции во Македонија, поточно во оние институции кои ја третираат областа поврзана со нивните образовни квалификации. Буџет: 7.500.000 денари Рок: [2015]

 

Образложение:

Можноста за стажирање на Македонци од соседните земји и дијаспората во Република Македонија, освен во програмата на ВМРО (2014-2018), беше најавена и од страна на министерот за надворешни работи, Никола Попоски при одржувањето на петтата годишна конференција на иселенички организации (24-25.07.2014 год.).

Тој информираше дека покрај стандардните проекти што МНР ги поддржува како културни катчиња, програмите за изучување македонски јазик онлајн или преку настава и афирмација на лекторатите по македонски јазик, новина ќе биде и можноста за стажирање на Македонци кои живеат во соседството или во дијаспората. Целта е тие одреден период да поминат во македонски институции како МНР или други институции, зависно од струката која ја имаат. [Пристапено на 26.03.2015]

 

Во март 2015 година Министерството за надворешни работи објави “Јавен повик за аплицирање за стажирање во државните институции на Република Македонија”. Во повикот е наведено дека аплицирањето за стажирање во државните институции на РМ ќе се врши до 31.12.2015. [Пристапено на 26.03.2015]

 

Линкови:

 

Оценето од: Милена Јосифовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција