ВМРО-ДПМНЕ: Субвенционирање на оризот

Ориз: Одржување на автохтоната сорта ориз и нејзино подобрување како враќање на производството на ориз на претходното ниво на продуктивност. I покрај фактот дека глобалниот пазар нуди поевтини производи, македонскиот ориз има свое обележје и значење во поглед на автентичниот начин на производство, како и зачувување на самиот систем на биодиверзитет. Оризот ќе биде и натаму субвенциониран со цел да се зголеми неговата конкурентност. Iстовремено, ќе инвестираме за подобрување на системите за наводнувањеодводнување, како и модернизација на производната механизација. Ќе настојуваме институционално и финансиски да го издвоиме институтот за ориз како јавна научна установа.

Образложениe:

Остварено е субвенционирањето на оризот, но институционалното и финансиско издвојување на институтот за ориз како јавна научна установа се уште не е спроведено.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција