ВМРО-ДПМНЕ: Управување на односите со граѓаните

Доставување услуги на граѓаните на ефективен и ефикасен начин кои ќе бидат целосно приспособени на нивните потреби. Јавната администрација ќе нуди квалитетни услуги на граѓаните, при што тие ќе имаат можност да изберат како, кога и каде ќе им пристапат. Ова ќе се постигне преку понуда на владините услуги преку повикувачки центри, веб-портали, С МС, канцеларии за услуги на граѓаните, како и преку воспоставување на концептот на „one-stop government“, со кој граѓаните ќе имаат можност да ги добијат потребните услуги преку каналот на комуникација што тие го претпочитаат. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. Буџет: 2,25 милиони евра. [Рок: септември 2013]

Образложение:

Според Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија за периодот од 2011 до 2014 година, страна 109, реализацијата на овој проект не е започната и таа е одложена за наредниот период. Според тоа, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 01.04.2014]

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција