ВМРО-ДПМНЕ: Водич за имплементација на стандардот WCAG 2.0

WCAG 2.0 (Web Content Accessibility Guidelines) претставува водич со препораки за креирање на веб-содржина, која ќе биде достапна до лица со различен вид на инвалидност, вклучувајќи и слепи лица и лица со оштетен вид, достапна и од различни кориснички уреди со кои се пристапува до истата. Целта на оваа мерка е да се изработи водич за имплементација на овие препораки на македонски јазик врз основа на објавените препораки од страна на конзорциумот W3C. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. Буџет: 10.000 евра. [рок: март 2012]

Образложение:

Не постојат јавно достапни информации за дали се создава ваков прирачник. Водичот е спомнат во Национална стратегија за е-вклучување 2011–2014 на Министерството за информатичко општество и администрација, но нема наведено период на негово создавање. Бидејќи рокот за исполнување се уште не е поминат, истражувањето за ова ветување ќе продолжи. [Ажурирано на: 26.03.2012]

И по истекот на рокот за исполнување на ова ветување, се уште не постојат јавно достапни информации дека е создаден ваков прирачник. [Ажурирано на: 23.04.2012]

Според официјалниот документ на ВМРО-ДПМНЕ, Речено – Сторено: Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери 2011-2012, изработката на овој водич е во тек, што значи дека сеуште не е завршена, иако рокот е веќе истечен. Според тоа, може да се заклучи дека ова ветување не е исполнето. [Ажурирано на: 05.09.2012]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар