ВМРО-ДПМНЕ: Воведување на рецепт за шестмесечна терапија кај хронично болните лица

Со воведување на рецепт за шестмесечна терапија кај хронично болните лица ќе се намали административната работа на лекарите, ќе има поголемо задоволство кај осигурениците, помала гужва кај лекарите и поефикасно пропишување на лековите. Носител: ФЗОМ. [Рок: декември 2011 година]

Образложение:

Од 1 септември 2011 година, хронично болните ќе можат да земат рецепти со важност од 180 дена. Терапијата за хронично болните пациенти наместо како досега, на секои три месеци, ќе се препишува двапати годишно, односно од денеска секој пациент за рецепт кај својот матичен лекар ќе оди на шест месеци. Целта на ваквата фондовска одлука е намалување на непотребните чекања на пациентите за терапија кај матичните лекари.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција