ВМРО-ДПМНЕ: Втора 400 kV интерконективна врска со електроенергетскиот систем на Косово

Ќе отпочнеме со активности за изградба на втора 400 kV интерконективна врска со електроенергетскиот систем на Косово во должина од 19 km, со инвестициска вредност од околу 6 милиони евра. Реализацијата на овој проект ќе овозможи пристап до идните планирани производни енергетски капацитети на Косово.

Образложение:

Според информациите од Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014, страна 86, отпочнати се првичните преговори со косовската страна во врска со овој проект, и на 14.01.2014 беше потпишан Оперативниот договор со кој се регулира соработката и координацијата на интерконективните поврзани преносни системи на Република Македонија и Република Косово. Сепак, заклучно со март 2014 година, изградбата на оваа 400 kV интерконективна врска сеуште не е започната. Според тоа, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 04.04.2014]

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција