ВМРО-ДПМНЕ: Втора и трета фаза од хидросистемот Злетовица

Започнати се подготовките за втората фаза за доизградба на водоводната мрежа во должина од 75 км, како и изградба на асфалтен пат во должина од 25 км, по што ќе започне реализацијата на третата фаза, која вклучува изградба на седум минихидроцентрали. Во рамки на втората фаза на овој повеќенаменски проект, покрај користењето на вода за пиење, ќе изградиме и сложена мрежа за наводнување во должина од 75 км, поделена во три зони каде ќе има можност и за наводнување, и тоа

– Долна зона за општината Пробиштип со 1.500 ха површина за наводнување;

– Горна зона за општината Пробиштип со 2.000 ха површина за наводнување;

– Подсистем Кратово со изградба на 3 мали брани за наводнување на 1.070 ха.

Вредноста на оваа фаза е 43 милиони евра и ќе биде реализирана до 2015 година.

Потоа ќе следи реализацијата на третата фаза на хидросистемот Злетовица, со која, во рамките на системот, ќе изградиме 6 мали хидроцентрали во вкупна инсталирана моќност од 9.5 МW и планирано годишно производство од 38 GWh електрична енергија. Со реализација на оваа инвестиција во вредност од 20 милиони евра, ќе се отпочне во 2015 година.

[Рок: втора фаза – 2015, почеток на трета фаза – 2015]

Образложение:

Во 2012 година, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство потпиша договор за изработка на техничка документација за втората и третата фаза од хидросистемот Злетовица со конзорциумот предводен од шведската компанија Свеко (Sweco). Во 2013 година беше изработена физибилити-студија за проектот. Заклучно со март 2014 година, сеуште не се започнати градежните активности поврзани со втората фаза од хидросистемот Злетовица. Со оглед на тоа дека се завршени само подготвителни активности поврзани со ова ветување, но не се започнати градежните активности, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 07.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција