ВМРО-ДПМНЕ: Закон за аудиовизуелната дејност/кинематографија

Физиономијата и развиеноста на одредена национална кинематографија, освен креативниот потенцијал и културните традиции, ја условуваат и економските, социјалните, политичките и законодавните фактори на една општествена средина. Kонтинуираното развивање на националната кинематографија подразбира рамномерен развој на нејзините основни компоненти: филмско производство, дистрибуција и прикажување; заштита на аудиови-зуелните добра, на филмскиот аматеризам и на филмската култура со квалитетни програми и манифестации, со воспитувањето и образованието на младите генерации за филмската уметност, со активна филмска критика и со постојана филмолошка публицистика. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Законот за аудиовизуелна дејност/ кинематографија, се уште не е донесен

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Оценето од: Наталија Пешиќ


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција