ВМРО-ДПМНЕ: Закон за поттикнувања на странски вложувања во филмската и телевизиската продукција

Со овој закон ќе се уреди начинот на привлекување и поттикнување на странски вложувања во Република Македонија во областа на филмската дејност, условите и постапката за добивање поволности, надлежното тело кое ќе одлучува за доделување на поволностите, начинот на неговата работа и други прашања што се од значење за остварување на постапката за поттикнувања за вложувања во филмската и телевизиската продукција.Со Законот ќе се придонесе за развој на македонската инфраструктура за филмска, дигитална и анимирана продук-ција и постпродукција со најмодерни објекти и опрема, нови вработувања во секторот на филмот, зголемување на глобалната конкурентност со другите земји, воведување на нова образовна содржина со цел да се обезбеди работна сила специјализирана за работа на филм и дигитална продукција. Сето тоа, посредно ќе придонесе и кон развојот на туризмот и на другите сектори врз кои ќе има влијание зголемувањето на активностите за реализација на филмската и на телевизиската продукција. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Законот за поттикнување на странски вложувања во филмската и телевизиската продукција сеуште не е донесен. Во јуни 2011 година од Сојузот на Стопански Комори на Македонија било побарано мислење и доставен Предлог-законот за поттикнување на странски вложувања во филмската и телевизиската продукција, но од тогаш нема информација за истиот. Исто така ниту во отчетот на Владата 2011-2014 нема информации во која процедура е носењето на овој закон.

Крајниот рок на овој проект е 2015 година, но поради предвремените парламентарни избори, истиот ќе биде оценет со краен рок до 1 Април 2014 година.

Линкови:

Барање на мислење за Предлог-законот за поттикнување на странски вложувања во филмската и телевизиската продукција

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција