ВМРО-ДПМНЕ: Затворен базен во Охрид

Ќе изградиме затворен базен, со што ќе го поттикнеме развојот на пливањето како традиционален спорт во градот Охрид. Носител: Агенција за млади и спорт во соработка со локалната самоуправа. [Рок: 2014*]

Образложение:

Во ноември 2011 година, Владата донесе одлука за изградба на затворен базен во Охрид.  [Ажурирано на: 20.12.2011]

Во март 2013 година кандидатот на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески, вети изградба на затворен олимписки базен. [Ажурирано на: 13.04.2014]

Охридскиот градоначалник,  Бакрачески во јуни 2013 година најави дека во почетокот на 2014 година ќе започне изграбата на затворен базен во Охрид. Според идејниот проект, затворениот базен треба да се гради на стадионот Атина Бојаџи.  [Ажурирано на: 13.04.2014]

Во почетокот на април СДСМ упати критики до ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи се уште не е изграден затворен олимписки  базен во Охрид.   [Ажурирано на: 13.04.2014]

Со оглед на тоа може да се констатира дека ова изборно ветување не е исполнето.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција