ВМРО-ДПМНЕ: Зголемување на бројот на ученици и студенти по туризам

Ќе продолжиме со поддршката за зголемување на бројот на ученици и студенти на постојните и новите факултети за туризам и угостителство и средните угостителски училишта. Ќе обезбедиме кофинансирање на 30 стипендии годишно за најдобрите ученици и студенти од областа на туризмот во соработка со туристичките и угостителските стопанственици со цел нивно вработување во истите компании. Исто така ќе обезбедиме 10 стипендии годишно за студенти кои ќе бидат примени на врвните 100 највисоко рангирани универзитети во светот на редовни или постдипломски студии од областа на туризмот и хотелиерството. [Рок: 2012-2015]

Образложение:

Според информациите од Министерството за образование и наука, стипендирањето на ученици од угостителско-туристичката струка беше воведено за првпат во 2013 година со објавување на конкурс за доделување на 15 стипендии во оваа струка. Сепак, со оглед на тоа дека, според ветувањето овој проект требаше да започне во 2012 година, а не во 2013, и требаше да бидат доделени 30 стипендии, а не 15, може да се заклучи дека ова ветување е само делумно исполнето. Ветувањето се оценува како делумно исполнето. [Ажурирано на: 15.04.2014]

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција