ВМРО-ДПМНЕ: Зголемување на производството на шумски саден материјал

Ќе ги зголемиме капацитетите за производство на шумски саден материјал преку зголемување на бројот на расадници и инвестиции во системите на наводнување во рамките на Македонски шуми. Ќе се направат дополнително два расадници со цел задоволување на зголемените потреби на шумскиот саден материјал. Носител: ЈП Македонски шуми. [Рок: март 2013]

Образложение:

И покрај тоа што во неколку наврати беше најавувано дека ќе се градат два нови расадници на шумски саден материјал, нема информација дека досега вакви расадници се изградени. Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014, страна 119, напоменето е само дека се зајакнати постојните расадници за производство на шумски саден материјал, но не се спомнува дека се изградени два нови расадници. Од ова може да се заклучи дека ветувањето не е исполнето. [Ажурирано на: 09.04.2014]

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција