ВМРО-ДПМНЕ: Зголемување на БДП

Во следните четири години (од 2008 до 2012), очекуваме уште поинтензивно да продолжи економското закрепнување на Македонија, со просечен пораст на БДП од 6-8%.

Образложение:

Растото на Бруто домашниот производ во ниту една од годините по изборите од 2008 година не го достигна прагот од 6 отсто. Така во 2008 година овој процент беше 5 отсто, во 2009 имаше пад од 0,9 отсто (или раст од -0,9), а оваа година процентот се движи од -1,3  во првото тромесечие, 1,1 во второто и раст од 1,3 отсто во третото тромесечие, додека БДП во последните три месеци од 2010 година е 2,3 отсто.

Причина за неостварување на ова ветување, според владата е светската економска криза која го тресеше светот во последниве години.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција