ВМРО-ДПМНЕ: Железничко поврзување на Македонија со Албанија

Изградба на нова пруга од Кичево до Лин, граница со Република Албанија во должина од 70 км Заради комплетна доизградба на Коридорот 8, кој ги поврзува Црното Море, Бугарија, Македонија, Албанија и Ита-лија, потребно е да се изгради и западниот дел од трасата во должина од 70 километри кон која гравитираат општините Кичево, Другово, Дебарца, Охрид и Струга, поточно местата Брждани, Јудово, Сливово, Арбиново, Издеглавје, Мешеиште, Струга, Радожда и Лин и која ќе ги поврзува Република Македонија и Албанија со комплетна железничка инфраструктура. Со издвоени средства од Буџетот на Република Македонија Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изработи физибилити-студија, идеен проект и студија за влијание врз животната средина за целата делница. За завршување на овој проект потребно е да се комплетира техничката документација и да се реализира изградбата. Потребни се средства во износ од околу 300 милиони евра, од кои за проектирање околу 3 милиони евра и се планира да се обезбедат од меѓународни финансиски институции. [Рок: 2013 – 2020 година]

Образложение:

Како дел од финансиската помош што ја добива Македонија од третата компонента на ИПА,  помеѓу другите проекти најавена е  и изградба на нова железничка делница од Кичево до Албанија. Потврда за тоа е веќе објавениот повик за подготовка на тендерска документација, што е прва фаза кон избор на консултант. Договорот се очекува да биде склучен во втората половина на 2013 година .

Парите Македонија ќе ги добие во текот на 2013 година и ќе треба да се искористат до 2017 година.

Во Отчетот за сработеното на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Инфрструктура“, за проектот „ Железничко поврзување на Република Македонија со Република Албанија“, е наведено:

Изработени се студија за изводливост со идејни проекти и студија за оценка на влијанието врз животната средина и со ИПА-средства ќе се финансира изработката на основниот проект за идната изградба на нова железничка делница од Кичево-граница со Република Албанија. Постапката за избор на консултант за изработка на основен проект е во тек. Се очекува отпочнување на проектирањето до средината на 2014 со времетраење од 24 месеци.

Бидејќи изборното ветување: „Железничко поврзување на Македонија со Албанија“ е со рок 20120 година, а регуларниот мандат на владата истекува во 2015 година ова ветување се оценува како недоследно.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција