ВМРО-ДПМНЕ: Железничко поврзување на Македонија со Бугарија

Со реализација на овој крупен и стратешки проект, ќе се овозможи железничко поврзување на Република Македо-нија со Република Бугарија. Со тоа ќе се изгради еден од непостојните делови на Паневропскиот коридор 8, кој го поврзува Црното Море, Бугарија, Македонија, Албанија и Италија, а истовремено ќе се воспостави и функционално поврзување на Коридорите 10 и 8 и сообраќајот кој се одвива по нив со пресек во Скопје.ВМРО-ДПМНЕ активно работи на комплетирање на активностите и пуштање во употреба на железничката пруга на трасата од Куманово до границата со Република Бугарија. Во 2009 и во 2010 година изработен е основен проект за трасата Крива Паланка – Деве Баир, а во моментов се работи физибилити-студија и студија за влијание врз жи-вотната средина со социјална студија, а потребно ќе биде да се изработи и проект за делницата Бељаковце-Крива Паланка. Новата пруга ќе биде во должина од околу 60 километри, на траса кон која гравитираат општините Старо Нагоричане, Кратово, Ранковце и Крива Паланка, поточно местата Бељаковце, Шопско Рударе, Кратово, Ранковци, Ѓиновци, Псача, Мождињак, Крива Паланка, Жидилово, Деве Биар и истата ќе му овозможи приклучување кон железничкиот транспорт на целиот регион. Средствата потребни за целосна изградба се проценуваат на околу 450 милиони евра и се планира да се обезбедат од меѓународни финансиски институции, ЕИБ и ЕБОР. [Рок: 2012 – 2020 година]

Образложение:

Според Министерот за транспорт и врски, железничко поврзување со Бугарија се очекува во 2022 година.

Бидејќи рокот на исполнување на ова ветување го надминува и регуларниот мандат на Владата, тоа се оценува како недоследно.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска