ВМРО-ДПМНЕ: Зимски центар Маврово

Во Маврово ќе одредиме нови локации за изградба на дополнителни комерцијални објекти и хотели. Носител: Министерството за транспорт и врски во соработка со локалната самоуправа. [Рок: 2012]

Образложение:

Според информациите од Министерството за транспорт и врски досега беа обезбедени и понудени на продажба две нови локации за изградба на комерцијални објекти и хотели во зимскиот центар Маврово. Од двете понудени локации, една локација беше отуѓена по пат на јавно наддавање и во тек е изработка на техничка документација за добивање на одобрение за градење.

На последната седница на Комитетот за туризам во Владата на Република Македонија, во врска со зимскиот центар Маврово, биле анализирани можностите за поголем број нови локации за туристички сместувачки локалитети и капацитети од класичен и алтернативен тип, како и можностите за инвестиции во хотели и мотели. Со оглед на тоа дека реализацијата на овој проект е сеуште во тек, ова ветување се оценува како делумно исполнето. [Ажурирано на: 05.04.2012]

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција