ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Регионални форуми“

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде иницијатор и промотор на проект за Регионални форуми кои ќе ги опфатат земјите членки на Европската Унија од соседството и државите од Југоисточна Европа. Овие форуми ќе поттикнуваат соработка во неколку подрачја, како одржлив развој, туризам, култура и соработка на локално и регионално ниво. [Рок: 2011 – 2015]

Образложение:

Република Македонија зема активно учество на повеќе Регионални форуми во различни области, како што се сообраќајот, климатските промени, соработката на локално и регионално ниво, итн. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 15.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција