Во Драчево изграден Паркот на бранителите

Паркот на бранителите со меморијална фонтана изграден во чест на загинатите од конфликтот во 2001 година е свечено отворен на 28 јули 2013 година Фото: Принтскрин

Проект: Изградба на паркот на бранителите од 2001 година

Општината Кисела Вода ќе преземе активности за изградба на парк за бранителите од воениот конфликт од 2001 година во населбата Драчево. Сред- ствата за овој проект ќе ги обезбеди општината Кисела Вода. (Рок за реализација: јуни 2013 година)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

 

Паркот на бранителите од конфликтот во 2001 година  е изграден во јули 2013 гидина во Драчево. Ова е исполнето ветување на градоначалничката на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ,  дадено во Програмата „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Кисела Вода!“ (Култура, стр. 47), со која излезе на  локалните избори во 2013 година  како кандидат на ВМРО – ДПМНЕ.

Паркот на бранителите со меморијална фонтана, изграден во чест на загинатите од конфликтот во 2001 година беше свечено отворен на 28 јули 2013 година. Паркот го пуштија во употреба, градоначалничката Беличанец – Алексиќ, Јохан Тарчуловски и поранешниот градоначалник на Општината, Марјан Ѓорчев во чиј мандат започна изградбата. Беличанец – Алексиќ  тогаш порача дека во моментите на длабока тага се сеќаваме на нашите херои.

Благодарноста кон нивното дело секогаш ќе биде премала во споредба со нивната саможртва втемелена во идината на својата татковина. (Беличанец – Алексиќ)

На официјалниот настан Беличанец – Алексиќ на претставниците на семејствата на шесте загинати бранители Бобан Трпков, Игор Костески, Љубомир Акимовски, Александар Стојчев, Теодор Стојановски и Драганчо Илиевски им додели спомен – плакети.

Изградбата на Паркот на бранителите започна на почетокот на 2013 година, а со комплетирањето на меморијалната фонтана и околното хортикултурно и партерно уредување, паркот во населбата Драчево доби сосема ново руво. Паркот се протега на површина од 1225 квадратни метри, а во централниот дел е изградена шестоаголна армирано-бетонска фонтана со дијаметар од 8 метри. На секоја од шесте страни поставена е спомен-плоча со името на секој загинат бранител. Во централниот дел на фонтаната на двометарски постамент е поставена скулптура излеана во бронза со висина од 3 метри. Скулптурата е фигура на војник-бранител кој ја симболизира храброста и решителноста за одбрана на својата татковина и е дело на академскиот скулптор Димитар Филиповски.

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција