Во тек е изградбата на нов водовод во Општина Желино

Фото: Општина Желино

Ветување:  Ангажман за изградба и одржување на водоводот

Буџет: 650 илјади евра, 150 илјади евра (Општина Желино)

[Изборна програма за локалните избори( 15 октомври 2017) наградоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу ]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во предизборната програма на  градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу,  во делот “Инфраструктура”, е дадено ветувањето: „Ангажман за изградба и одржување на водоводот”. Реализацијата на ова изборно ветување на градоначалникот Сејдуи е во тек.

На 07.05.2018 година информирајќи ја јавноста за изградба на водоводот од Општина Желино  изјавија:

Се работи за проект што се реаилзира од Министерството за транспорт и вркси со грант финансиран од Европската инвестициска банка. Проектот е вреден 650.000 евра, од кои 550.000 се предвидени за реализација на проектот, а другите 150.000 се обезбедени од буџетот на Општина Желино

За проектот за изградба на водоводот информираа и медиумите:

Во првиот квартал од следната година се очекува да биде изграден цевководот и резервоарот за вода во општина Желино, со кој целосно ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во 18-те населени места. Инвестицијата е со вредност од 665 илјади евра, обезбедени преку заем од Европската инвестициска банка (ЕИБ).

Тогаш (07.05.2018) во посета на Општината беше и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески кој потенцираше дека проектот е многу значаен за целата Општина, во која од 18 населени места само во едно е целосно регулирано водоснабдувањето. По тој повод минестерот Сугарески изјави:

Преку овој проект ќе создадеме услови да го решиме овој проблем за да овозможиме во следниот период останатите населени места нормално да бидат снабдени со вода, рече Сугарески. Изведувачите и надзорот информираа дека изградбата тече согласно дадените рокови и очекуваме да биде завршена во првиот квартал од следната година.

Министерот дополни дека изградбата на водоснабдителниот систем во Желино е дел од програмската определба на Владата за обезбедување високо ниво на покриеност на територијата на Македонија со водоводна и канализациска мрежа.

Имајќи ги предвид овие информации, а и тоа што го видовме при нашата теренска проверка, ова изборно ветување на градоначалникот на Општина Желино, Сејдиу: „Ангажман за изградба и одржување на водоводот”, го оценуваме „во тек“.

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу