Во Општина Желино за првпат се одржа Фестивал за културно наследство

Фото: Општина Желино

Во предизборната програма на сегашниот градоначалник на Општина Желино, Блерим Сејдиу, делот Култура(стр.3) е дадено ветување за реализирање културни проекти во општината. Ова ветување на Сејдиу, кое вклучува и прв Фестивал за културно наследство во оваа општина е исполнето

 

Ветување: Новата администрација ќе се ангажира за создавање на културна програмска шема на комунално ниво, со цел да се опфаќа секое населено место. Културните проекти имаат силна улога за зачувување на културното наследство, семејните и општествените вредности.

[Извор: Предизборна програма на градоначалникот Блерим Сејдиу, Општина Желино – на албански јазик]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во предизборната програма на сегашниот градоначалник на Општина Желино, Блерим Сејдиу, делот Култура(стр.3) е дадено ветување за реализирање културни проекти во општината. Ова ветување на Сејдиу, кое вклучува и прв Фестивал за културно наследство во оваа општина е исполнето.

Од 18 до 22 втори јули во Општина Желино за првпат се организираше Фестивалот на културното наследство. Оваа културна манифестација беше проследена од богата културна програма од музички, литературни, хумористични  изведби, спортски активности и др. Медиумите информираа дека организатори на фестивалот беа Општината и организацијата за култура и образование “Адрион”, која е активна во Желино. Фестивалот беше одржан на селскиот стадион.

На отворањето на овој фестивал до присутните се обрати и градоначалникот Сејдиу, кој пред собраните рече:

Овој Фестивал и придружниот панаѓур го претставуваат духовното и материјалното богатство на нашата нација, култивирана од минатото во овој регион. Тој е организиран за да ја промовира нашата богата култура и традиција, а, исто така, да ги промовираме и природните убавини во нашата општина. Ние ќе продолжиме да ги подржуваме и во иднина ваквите манифестации кои се важни за нашата културна, литературна и музичка традиција.

На отворањето фестивалот го поздрави и претседателката на организацијата “Адрион”, Линдита Емрулаху, која зборуваше за активностите која требаше да се спроведат за да се стигне до организацијата на овој фестивал. Таа истакна уверување и дека фестивалот во иднина ќе биде уште побогат како резултат од стекнатото искуство и дека ќе се претвори во сериозен промотивен проект на богатото културно минато во регионот.

Организацијата “Адрион” редовно ги информираше граѓаните за активностите поврзани со фестивалот преку нивниот официјален Фејсбук профил, а преку бројни фотографии беше претставена целата манифестација. Фестивалот траеше четири дена изаврши на 22 јули 2018.

Според сите информации, ова ветување на градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу, го оценуваме како исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.