Во Скопје не е направена патека за екстремен велосипедизам

vmro-dpmne-logo

ПРОЕКТ: РАЗВОЈ НА РЕКРЕАТИВЕН И НА ЕКСТРЕМЕН СПОРТСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Опис на проектот: Во насока на подобрување на условите за велосипедистите, како и развојот на спортскиот туризам, Градот Скопје ќе направи велосипедска патека за вљубениците на екстремниот спорт и во екстремниот велосипедизам. (Рок: 2015-2016 година)

 

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Велосипедска патека за вљубениците на екстремниот спорт и во екстремниот велосипедизамградоначалникот  Коце Трајановски  им вети на скопјани  за локалните избори во 2013 година. Во неговата Изборна програма „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобро Скопје“ , (во делот Туризам, стр. 29) , е наведено дека ваква велосипедска патека ќе биде направена во период (2015-2016 година).  Иако, рокот за реализација посочен во програмата на Трајновски   е поминат, сепак,   ова изборно ветување не  е исполнето.

Досега  (24.03.2017), нема информации дека се спроведени активности за имплементација на овој проект. На интернет пребарувачите никаде не може да се најдат податоци околу изградбата на патека  за екстремен велосипедизам во Скопје. Единствените информации кои се добиваат се поврзани со изградба и реконструкција на велосипетските патеки во Скопје (Отчет 2015 , стр. 13)

Информација за тоа дека е направена „велосипедка патека за вљубениците на екстремниот спорт и во екстремниот велосипедизам“,   нема на ниту на официјалниот портал на Град Скопје, а овој проект воопшто не се споменува ниту во отчетите на Трајановски за сработеното во 2015 и 2016 година, каде педантно се наведени проектите кои се реализирани или се во фаза на реализација.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *