Во тек е изградбата на водоводот во Општина Липково

Се поставуваат водоводни цевки во село Липково. Фото: Веб - сајт на Општина Липково

 

Проект: Систем за водовод во Општина Липково

Буџет: 3.6 милион евра (вкупно 2 милиони евра – Министерство за животна средина, а за станицата за филтрирање Европската Банка за инвестиции обезбедила 1.3милион евра, а Општина Липково досега 300.000 евра.)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

За локалните избори (15 октомври 2017) Еркан Арифи, тогаш кандидат на ДУИ за градоначалник на Општина Липково, а сега прв човек на оваа Општина,  вети „ завршување на изградбата на водоводот во сите населби во Општината и обезбедување вода за пиење за сите“. Ова изборно ветување  дадено во неговата предизборна програма , во делот „Модерна инфраструктура“ (стр. 6) ,  а тој истото го повтори и во кампањата, е во тек.

Фото: Принтскрин од изборната програма на Еркан Арифи
Фото: Принтскрин од изборната програма на Еркан Арифи

На 06.11.2017 година прашан од „Порталб“, за приоритетите во неговата Општина, Арифи  изјави:

Приоритет број еден е започнување на активностите за изградба на водоводот  во Општина Липково. Веднаш по доаѓањето на градоначалничката функција  започнавме со поставување на цевките за водовод  на целата територија на Општина Липково, од село Матече, кон Хотле и Липково, со вредност од 500.000 евра, средства обезбедени од Министерството за животна средина.  Според договорот со Министерството за животна средина и приватната компанија овој зафат треба да зафрши  во следните месеци.

За ова ветување градоначалникот Арифи на 28.12.2017 година изјави:

Од Министерството за животна средина се обезбедени 500 илјади евра за водоводот Липково-Хотле- Матече. Со ова верувам дека следната година проектот  на водоводот ќе се заврши целосно и ќе се затвори еден долгорочен проблем…

На 17.02.2018 година  Општина Липково излезе со кратко соопштение:

Градоначалникот Еркан Арифи, денеска заедно со жителите на Општина Ликово и неговиот кабинет, излегоа да ги следат  активностите околу изградбата на водоводот на Општина Липково… 

Инаку, активностите за изградба на водоводот започнаа во 2010 година и се одолговлекуваат со години. Граѓаните на Општина Липково не ретко реагираат за тешките услови и проблемите со водата. На пример, во село Оризаре тие се жалат дека бунарот е пресушен. Во некои села (станува збор за повеќе од 430 куќи и над 25000 жители) вода вадат со кофи, а преку лето ситуацијата станува уште полоша.

Актуелниот градоначалник Арифи ветува дека водоводот во Општина Липково ќе стане реалност во следните две години. За целосна реализација на овој проект Министерството за животна средина обезбедило вкупно 2 милион евра, за станицата за филтрирање Европската Банка за инвестиции обезбедила 1.3милион евра, а Општина Липково 300.000 евра.

Имајќи  ги  предвид сите овие информации, според методологијата на „Вистиномер“,  ветувањето на Арифи за „започнувања и изградба на системот за водоснабдување во Општина Липково“, го оценуваме во тек.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон  Салиу


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.