Во тек е регулацијата на коритото на Липковска река во Куманово

Фото: Википедиа - колаж Вистиномер

Актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитириевски во својата предизборна програма вети дека за време од 8 години ќе изврши целосна регулација на речното корито/корита во Куманово, пред сè, на реките Липковска и Коњарска, кои на едно место се спојуваат и се вливаат во градот како Кумановска река

 

Во предизборната програма на актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски се наоѓаше и ова ветување, чија реализација е во тек:

Целосна регулација на речното корито на Липковка река и Коњарка река кои се вливаат во градот и ја формираат Кумановка река ќе го решат проблемот со повремено изливање на реките од речните корита кои предизвикуваат големи материјални штети, а воедно го загрозуваат и квалитетот на животот на луѓето и животните. Предвидување на шеталишта, паркови, простори за рекреација и други пратечки содржини покрај регулираното речно корито и оплеменување на просторот со урбана опрема. Целосното завршување на започнатиот проект за регулација на речниот тек, ќе придонесе кон елиминирање на можноста за настанување на штетни последици од атмосферски влијанија. Ќе придонесе кон формирање на една градска целина која овозможува приближување на природата кон луѓето и создавање на атрактивни простори

[Извор: Предизборна програма на Mаксим Димитриевски – датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитириевски во својата предизборна програма вети дека за време од 8 години ќе изврши целосна регулација на речното корито/корита во Куманово, пред сè, на реките Липковска и Коњарска, кои на едно место се спојуваат и се вливаат во градот како Кумановска река.

Покрај намалување и избегнување на штетите од излевање при обилни дождови и дорегулација на атмосферската канализација, која се влева во речните корита, станува збор и за естетско уредување на градските јавни површини со зеленило и урбана опрема, шеталишта и слично.

Ова предизбоорно ветување на градоначалникот Димитриевски е во тек на реализација. Ова може да се констатира по проверката на „Вистиномер“.

Имено, на сајтот на Општина Куманово во делот на новости/објави, на 4 –ти септември е објавена фото вест дека се чисти сметот од реката Кумановка во делот на приградското подрачје. Но, ако се проверат локалните медиуми од тие датуми ќе се види дека, всушност, станува збор за посеопфатана активност, која се однесува на завршување на втората фаза на уредување на речното корито на Липковска река.

Заврши втората фаза од проектот за уредување на речното корито на Липковка, проект кој се реализира преку УНДП, а со финансиска поддршка од Амбасадата на Јапонија и Општина Куманово.

Наскоро се очекува да започне и реализација од првата фаза од проектот кој беше прекинат, за регулацијата на реката од мостот во населбата Средорек до локалитетот Водоводпишува локалниот медиум Кумановски муабети, цитирајќи притоа и изјава на градоначалникот Димитриевски.

Информацијата е оригинално ден постара, од 5-ти септември, и изворот е дописникот на државната агенција МИА, која објавила вест со наслов Заврши втората фаза од уредувањето на речното корито на Липковка

Според информациите од овие извори, по завршувањето на оваа фаза работите ќе се вратат на првата фаза од проектот кои биле прекинати, „за регулацијата на реката од мостот во населбата Средорек до локалитетот Водовод“.

Според приложените информации од сајтот на општината и медиумите, може да се изведе оценка дека реализацијата на предизборното ветување на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кандидиран од редовите на СДСМ, за регулација на речните корита, е во тек.

 

ИЗВОРИ:

 

Оценил: Тео Блажевски

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција