Втор извештај на СЈО – 4 нови истраги и две обвиненија

Вториот редовен шестмесечен извештај е поднесен во законски утврдениот рок и е карактеристичен по две работи – присуство на Јанева во Собранието и пред Советот на Обвинители, како и нападите врз интегритетот на СЈО и личниот од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и независни пратенички

 

Вториот редовен шестмесечен извештај е поднесен во законски утврдениот рок и е карактеристичен по две работи – присуство на Јанева во Собранието и пред Советот на Обвинители, како и нападите врз интегритетот на СЈО и личниот од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и независни пратенички

 

Специјалното јавно обвинителство на 15.09. 2016 упати известувања до јавноста, до Собранието на РМ и до Советот на jавни обвинители дека е подготвен и испратен Вториот редовен шестмесечен извештај за работата на оваа институција. Воедно специјалната обвинителка ги извести институциите дека е подготвена лично да им го презентира Извештајот и да одговара на пратенички или на прашања поставени од обвинителите во Советот.

По неколку дена, на 21.09 2016 во Собранието започна разгледувањето на извештајот во Комисијата за политички систем. Јанева не можеше првиот ден да го презентира извештајот, бидејќи ова собраниско тело не можеше да се договори за текот на работењето, но откако тоа се случи, следните неколку дена во Комисијата се претворија во жестоки и често, како што оценуваше дел од јавноста, непоткрепени и непримерни напади и врз личноста на Специјалната обвинителка и врз работата на СЈО, а голем дел од дискусиите беа критика, зошто не бил поднесен и детален финансиски извештај.

Овие напади доаѓаа без задршка, исклучиво од пратеничкиот состав на тогаш владејачката ВМРО-ДПМНЕ, но и од двете независни пратенички во тој состав на Парламентот. По неколку денови расправа, Јанева ја напушти работата на Комисијата, со образложение дека е непродуктивна и дека Специјалното јавно обвинителство има серија други обврски во насока на нивната надлежност. Во тие денови, Јанева имаше и едночасовна средба со обвинителите од Советот на обвинители, чиј претседател, исто така, изјави дека не биле во целост задоволни од објаснувањата на Јанева и дека повторно не го испочитувала Советот.

Во Извештајот, покрај фактографијата дека се отворени 4 нови истраги и дека се подигнати две обвининеија против повеќе лица, Јанева повторно ги споменуваше опструкциите на кои наидува СЈО во секојдневната работа.

Извештајот можете да го надете на линкот поставен тука (Извештај за периодот 15.03.2016-15.09.2016)

Дел од известувањатa на медиумите можете да најдете тука