Захариев се огради од организаторите на „Пастрмалијада 2013“

Општина Штип се оградува од можните малверзации при организирањето на минатогодишното издание на фестивалот „Пастрмајлијада“ откако против претседателот на Здружението, кое се јавува како организатор, е поднесена кривична пријава со обвинение дека се офајдил со 2,7 милиони денари злоупотребувајќи ја својата службена положба.

„Општина Штип се оградува од случувањата со „Пастрмалијада“, која е здружение на граѓани, невладина и непартиска организација и е регистрирана како посебен правен субјект, апсолутно, независен од Општината. Очекуваме органите на прогонот вистинито и објективно да ги истражат сите наводи и активности од Кривичната пријава“, велат од Општината со која управува градоначалникот Илчо Захариев.

ilcho-zahariev
Илчо Захариев, градоначалник на општина Штип | Датум: 17.11.2014 | Извор: ПлусИнфо

Образложение:

Драган Ристов – советник за односи со јавност на Општина Штип:

Минатата година, Штип беше одличен домаќин на манифестацијата со до сега најголем број на посетители од регионот и воопшто од Македонија. Организаторот се надева дека оваа година ќе се направат уште поголем број на пастрмајлии, со оглед на тоа што самото искуство веќе значи многу во надминување на проблемите кои се појавија од минатата година. Изборот на музички ѕвезди кои треба да ја засилат манифестацијата е направен да одговара на истата, но од друга страна и да привлече дополнителен број на посетители.

Порталот ВоШтип извести:

Општина Штип и Здружението на граѓани „Пастрмалијада Штип“ почнуваат со финални подготовки за новото издание на познатата штипска манифестација „Пастрмалијада 2014“. Годинава манифестацијата ќе трае четири дена и ќе се оддржи од 25 до 28 септември на веќе утврдената локација кај крстосницата Дујле.

На денот на одржувањето на Пастрмајлијадата Нетпрес извести:

Со говор на градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев, во 19 часот беше отворена седмата по ред „Штипска пастрмалијада 2014“.

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев изјави:

Ова е вечерва, и во следните два дена центарот на Македонија. Како штипјани треба да сме горди што имаме еден ваков гурмански специјалитет, кој е бренд на градот но и на Македонија. Самите граѓани заслужуваат вакво нешто и ве повикувам да бидеме добри домаќини и уште еднаш да се дружиме и уживаме во овие посебни настани за Штип

Според Република:

Пред насобраниот народ џиновската пастрмалија ја пресече градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев, а потоа граѓаните меѓу кои најмногу имаше деца вкусија дел од големата пастрамалија долга речиси 2 метри, а широка половина метар за која е потрошено 33 килограми тесто и 17 килиограми месо . Пастрмалијата ја сервираа ученици по угостителство и туризам.

Курир пишуваше:

Градоначалникот на Штип Илчо Захариев и штипските угостители, денес се договорија да се промени локацијата за оддржување на „Штипска пастрмалијада 2013“. Причина за тоа е големиот интерес на угостителите и ограниченоста на избраната локација зад трговскиот центар.

По проверка на информациите од општина Штип, пишувањата на медиумите, изјавите на лицето задолжено за односи со јавност во општина Штип, фотографиите на кои се гледа присуството и свеченото отворање на „Штипска пастрмајлијада“ од првиот човек на општина Штип, Илчо Захариев, може да се заклучи дека изјавата на градоначалникот е недоследна.

Оценил: Владо Ѓорчев

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција