Заложба за политичка одговорност

Со намера да го воспоставиме принципот на политичка одговорност и отчетност како основна и трајна демократска вредност во нашето општество;Знаејќи дека е неопходно да се постигне општествен консензус и да се поттикнат сите граѓани и граѓанки, организации, групи и институции да ги почитуваат значајноста и заедничката промоција на принципите на одговорност, со цел одговорноста да стане принцип што се подразбира;Верувајќи дека сите чинители во општеството треба да учествуваат во политичкиот процес, да ги знаат и да ги почитуваат своите права и обврски;

Сметајќи дека со усогласувањето на граѓаните и граѓанките, политичарите и политичарките околу важноста на политичката одговорност би се стекнала поголема доверба во институциите на системот и би се создале услови за поактивно учество на граѓаните и граѓанките во политичкиот живот;

Со цел да се воспостави принципот на отчетност како неопходен услов за демократскиот развој на општеството, поддржуваме 

zalozba

Со којашто бараме политичарите и политичарките и јавните функционери и функционерки во Македонија да се обврзат дека:

  • Доверените јавни функции ќе ги вршат одговорно и ќе им даваат отчет на граѓаните и граѓанките за сè што спаѓа во нивниот делокруг на работа;
  • Ќе носат промислени и аргументирани одлуки за доброто на граѓаните и граѓанките и ќе бидат подготвени да се повлечат од јавната функција доколку ги изневерат нивните интереси или доколку им наштетат на каков било начин;
  • Ќе ја зборуваат вистината и ќе дејствуваат во согласност со своите политики, не измамувајќи ги и не доведувајќи ги граѓаните и граѓанките во заблуда;
  • На јавноста ќе ѝ овозможат увид во својата работа и активно ќе работат на воспоставување соработка со граѓаните и граѓанките;
  • Ќе бидат добар пример за сите кои го застапуваат јавниот интерес и ќе ја негуваат дебатата како форма на комуникација, почитувајќи ги соговорниците и соговорничките.

Сметаме дека почитувањето на оваа Заложба ќе придонесе за воспоставување на принципите на отчетност и одговорност во политичката култура на нашето општество, како и за зајакнување на институциите.

Потпишете ја Заложбата:

[emailpetition id=”1″]

Претседателски кандидати кои ја потпишаа заложбата

Gjorge-IvanovIljaz-Halimistevo-pendarovski


Политички партии кои ја потпишаа заложбата

sdsmдпадостоинстводуивмро2рдкндмгромалијансавмросдпмпеп21пеи

[signaturelist id=”1″]