Заменет е кровот на градинката „Детелинка“ во Ѓорче Петров

Градинката „Детелинка“ со нова покривна конструкција Фото: Општина Ѓорче Петров

Проект: Реконструкција на дотраената покривна конструкција на објектот на детската градинка „Детелинка” во УЗ „Мирче Ацев“, при што ќе се оствари и поголема топлотна изолација; (Рок: декември 2013 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот „Реконструкција на дотраената покривна конструкција на објектот на детската градинка „Детелинка” во УЗ „Мирче Ацев“, е   исполнето ветување на  градоначалникот  на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, кое тој го  вети  во  Изборната програма (2013-2017) ) „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Општина Ѓорче Петров“ (Социјална заштита, стр. 55).

Иако според ветеното, замената на покривната конструкција  требалo да биде направена до декември 2013 година, медиумите дури во јули 2016 година објавија (текст и фотографии) дека градинката има целосно нов покрив.

Во информација на порталот „Скопје 24“ од 27 јули 2016 година мое да се прочита дека:

Заврши поставувањето на новите ПВЦ прозори во градинката Детелинка во Општината Ѓорче Петров, со кои се очекува да се зголеми енергетската вредност. Со ова е завршена втората фаза за реконструкција на објектот, и со тоа е комплетиран целиот објект. Исто така се работеше и на целосна реконструкција на кровот, и се доизгради уште еден простор во кој може да да има прием на 50 деца.

И телевизијата „Сител“ на  27 јули 2016 година објави информација во која  соопштува дека се поставени нови ПВЦ прозори и врати со висок квалитет и на објектот „Детелинка“, клон на градинката „Росица“, во урбаната заедница „Мирче Ацев“ Општина Ѓорче Петров, дека е комплетиран  целиот објект и тој станува енергетски ефикасен. Во веста уште се вели дека:

Со целосна реконструкција на кровот, доизградбата на уште еден простор за прием на нови 50 дечиња и другите зафати на објектот направени во изминативе месеци објектот „Детелинка“ доби целосно нов лик, но и подобри услови за престој на децата.

Исто така,  на веб – страницата на Општина Ѓорче Петров, во текстот објавен на 10 февруари 2017 година, а кој говори за тоа дека се  отворени новите простории на објектот „Детелинка“ во Општината Ѓорче Петров, на една од фотографиите со кои е илустриран написот, може да се види дека е заменет кровот на оваа градинка.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција