Започна пробивањето на дел од булеварот „Благоја Тоска” во Тетово
Ветување: Пробивање на булеварот “Благоја Тоска” до крајот на 2018
Буџет: 180 илјади евра
[Извор: Порталб.мк , датум:25.05.2018]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Во предизборната кампања за локалните избори 2017 година, но и во интервју за „Порталб“ и „Вистиномер“ (25.05.2018), градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, вети „пробивање на булеварот „Благоја Тоска” до крајот на 2018 година“, како еден од најважните сегменти за олеснување на собраќајот во градот. Реализацијата на ова ветување на Арифи е во тек.
Да потсетиме дека пробивање и целосна изградба на булеварот „Благоја Тоска”, ветуваа и претходните градоначалници на Тетово, издвојувајќи го како еден од најважните проекти за Општината. А, исто така, тоа беше едно од главните изборни ветувања на Арифи пред пет години, односно кога таа првпат стана градоначалник во 2013 година. Но, сепак Арифи не успеа да го реализира ветениот проект за време на читиригодишниот градоначалнички мандат (2013 -2017).
Изминатите години медиумите повеќе пати информираа дека местото каде што треба да помине овој булевар кон тетовската болница е претворен во паркинг и е во катастрофална состојба, а жителите бараа конечно решение за овој булевар.
На 04.06.2018 година, Радио Слободна Европа информираше дека „веќе се урнти две од дваесетина куќи за пробивање на булеварот Благоја Тоска, што се смета за еден од приоритетите во насока на подобрување на состојбите во сообраќајот“.
Во истиот текс е пренесена и изјава на градоначалничката Арифи во која таа кажува:
На булеварот Благоја Тоска, околу 80 проценти во делот на експропријација веќе завршивме, до текстилно училиште. И ќе го заокружиме делот на експропријација. Додека трае експропријацијата, веќе почнавме од таму каде што сме завршиле, со рушење и отворање на трасата. Сметам дека многу брзо, во текот на оваа година, се надевам, дека ќе завршиме и ќе можеме да го изградиме до текстилно.
На 27.06.2018 година медиумите информираа за почеток на пробивање на булеварот „Благоја Тоска”:
Денеска започна пробивањето на дел од булеварот „Благоја Тоска“ во близина на Тетовската болница.
Од Општина Тетово велат дека пробивањето ќе продолжи и во наредниот период, а целта е да се стигне до средното текстилно училиште на другата страна на реката Пена:
Процесот за пробивање на патот од другата страна на реката е во тек и продолжува со забрзано темпо… (Општина Тетово)
Плановите на општинските власти се пробивањето на булеварот „Благоја Тоска” да биде направено до крајот на 2018 година, а веќе се обесштетени жителите кои имаа куќи на овој потег и го блокираа пробивањето на улицата. Средствата наменети за овој проект за 2018 година изнесуваат 180 илјади евра.
Имајќи ги предвид горенаведените информации, ова изборно ветување на градоначалничката Арифи добива оценка „во тек“.
ИЗВОРИ:
- Aлсат М (27.12.2015): Булеварот “Благоја Тоска” само ветување[проверено на 16.07.2018]
- Инфопрес (12.03.2017 ): Булеварот Благоја Тоска во Тетово се уште без решение [проверено на 16.07.2018]
- МРТ (12.03.2017 ): Булеварот “Благоја Тоска” непоминлив од калот [проверено на 16.07.2018]
- Порталб.мк (25.05.2018): Интервју со градноачалничката на Тетово Теута Арифи [проверено на 16.07.2018]
- Порталб.мк (27.06.2018): Се отвара дел од булеварот “Благоја Тоска” [проверено на 16.07.2018]
- Радио Слободна Европа(04.06.2018): Општина Тетово отвори повеќе инфраструктурни фронтови [проверено на 16.07.2018]
Оцени: Дрилон Салиу
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар