Започнаа активности за воведување на картичката „Мој Карпош“

Фото: Пртинтскрин (Изборна програма на Стефан Богоев)

 

ВЕТУВАЊЕ: Картичка „Мој Карпош“ – Со оваа картичка сите граѓани со место на живеење во Општина Карпош ќе имаат можност да користат бенефиции во угостителските објекти, театрите, кината, библиотеките и спортските објекти. Рок: 2018 година

[Извор: Изборна програма на Стефан Богоев за локалните избори 2017 – „Живот во Карпош за сите“ (стр.24) , датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Општина Карпош,  Стефан Богоев за локалните избори  вети воведување на картичка „Мој Карпош“, со која жителите на Општина Карпош ќе имаат попусти во одредени трговски, угостителски и културни објекти.  Проектот е дел од предизборната програма на Богоев за локалните избори кои се одржаа на 15.10.2017 година, насловена како „Живот во Карпош! За сите!“ (стр. 24). Реализацијата на ова негова изборно ветување  е во тек.

Градоначалникот Богоев, во својата програма, ветува дека ќе работи на унапредување на соработката со приватниот сектор, со стопанствениците, со цел да се овозможи локален економски развој што ќе придонесе за намалување на невработеноста и за подигање на економскиот стандард на граѓаните. А во врска со  картичката „Мој Карпош“ , во програмата  е наведено:

Во одреден дел од денот, граѓаните на Карпош ќе имаат шанса за значителни попусти во рестораните, кафулињата и во другите установи во општина Карпош. За ова решение разговараме со угостителите, со сопствениците на објектите, со цел оваа мерка вистински да се реализира што ќе биде во корист на сите. Придонесуваме за подигнување на економскиот стандард кај граѓаните, но и за поголема циркулација и раздвиженост на потрошувачите во угостителските објекти, во текот на целиот ден. Со ова, ќе се зголеми и добивката на кафулињата/ рестораните како и на другите објекти. Граѓаните од оваа општина, ќе имаат еден вид привилегија што живеат во Карпош.

Ова ветување Богоев го даде и на 28.09.2017 година, за време на предизборната кампања за локалните избори.

Денес сме овде, помеѓу стопансвтвениците и дуќанџиите во Трговскиот центар Лептокарија , заедно со мојот тим и со кандидатите за советници, правиме посети и се залагаме и пред дуќанџиите и пред граѓаните на општина Карпош дека планираме парите да ги вратиме назад кон граѓаните и да го заживееме локалниот економски развој. За таа цел, од тука од Лептокарија денес ќе го промовираме и проектот кој што како идна општинска власт ќе го спроведеме, тоа е картичката Мој Карпош, јави порталот А1 он.

Ветувањето, Богоев го најави истиот ден и на својот Твитер профил.

Иако рокот за реализација на ова ветување е до крајот на 2018 година, „Вистиномер“ се обрати до Општина Карпош и побаравме одговор, дали воопшто е почната реализацијата на овој проект? Оттаму ни одговорија дека Секторот за развој веќе започнал активности за спроведување на проектот картичка „Мојот Карпош“.

Проектот картичка “Мојот Карпош” кој е дел од Програмата на градоначалникот Стефан Богоев за Општина Карпош е предвиден за реализација во текот на 2018 година, и веќе е во тек на реализација.
За таа цел Секторот за развој веќе започна со активности за спроведување на овој проект картичка „Мојот Карпош “- картичка која ќе им овозможи попуст за граѓаните на Карпош при купување на одредени производи. За таа цел, на 08.05.2018 година ќе одржиме координативен состанок за спроведување на теренска анкета меѓу малите и средни претпријатија кои работат на територијата на Општината и кои се заинтересирани за учество во проектот (одоносно кои ќе најдат свој бизнис интерес од било кој аспект).
Анкетата ќе се врши во наредните 10-тина дена, а ќе ја спроведуваат тимови од општинската администрација. После тоа, следи сумблимирање и анализа на добиените податоци, по што, ќе пристапиме кон наредната фаза на реализација на овој проект – ни одговорија од Општина Карпош.

Имајќи го предвид сето ова,  може да се каже дека ветувањето на градоначалникот Богоев, дека ќе воведе картичка „Мој Карпош“, со која жителите на Општината ќе имаат попусти во одредени трговски, угостителски и културни објекти,  е во тек.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Ана Анастасовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција