ЗБОРОТ ВО ФУНКЦИЈА НА ДЕМАГОГИЈАТА: Избор од анализираните изјави во 2016 година

Вака или онака, многу изјави „избегале“ од вистината. Фото: pixabay.com

 

 

Влатко Ѓорчев се жали на цензура врз провладините бастиони на слободата!? (19.12.2016)

Владимир Ѓорчев е најмалку 18 години во политиката, така што предобро знае што зборува, кога вели дека СДСМ и некои НВО-а сакале да воведат цензура во медиумите во Македонија посебно врз „Сител“ и ТВ „Нова“ – „последни бастиони на слободата“. Говори невистина

 

Македонската „Википедија“ бара ВМРО-ДПМНЕ да не се кити со трудот на волонтерите (01.12. 2016)

Тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека со нејзините иницијативи се создаваат нови содржини на македонски на „Википедија“ и тие се преведуваат на најмногу употребуваните јазици на светот – англиски,  шпански,  германски,  француски,  односно се поставуваат на соодветните јазични верзии на „Википедија“, го демантираше тимот на македонската верзија на оваа онлајн-енциклопедија. Преку објава на Фејсбук-страницата „Википедија на македонски јазик“ тимот реагираше дека се работи за невистина.

 

Гасификацијата и пругата Битола – Кременица ВМРО-ДПМНЕ ги ветува десет години (26.11.2016)

Ваквата изјава на  носителот на листа во петтата изборна единица, Антонио Милошоски во која тој меѓу планираните капитални проекти на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот четиригодишен период ги спомена изградбата на магистрален гасовод и обновување на железничката пруга од Битола кон Грција, ја сметаме за недоследна, бидејќи во изминатите десет години (2006 – 2016)  неговата партија повеќепати ги вети овие проекти.

 

Кога СДСМ предлага поголема минимална плата тоа е популизам, кога ветува ВМРО-ДПМНЕ не е! (22.11.2016)

Да потсетиме дека на 13 септември 2015 година пратеничката група на СДСМ поднесе до Собранието предлог за измени на закон со коишто минимална плата би се зголемила на 11.000 денари и овој износ да важи за сите гранки.

 

Она што и на мало дете му е јасно, на професорката Додовска не ѝ е јасно (28.10.2016)

Проблемот со оваа изјава на Иванка Додовска во суштина е во тоа што таа е најавена во емисијата како универзитетски професор, а изјавата, де факто, многу повеќе е политички став. Бидејќи, како поинаку да се протолкува, кога професор по правни науки ќе каже дека СЈО е пара-институција, и ќе употреби зборови „вештачка криза“, „чадор“, „ментори“…?

 

А кој да ги кине пријавите на децата кои немаат „звучни“ презимиња?! (28.10.2016)

Ако пред дваесет години водечки политички личности во државата ги затворале очите пред прекршоците на  „синот на поранешниот министер“,  сега не останува простор за фрапираност поради нечија денешна мистификација и улога во градењето на култот за „фамилијата“, а уште помалку треба да има зачуденост поради уривањето на институциите и нефункционирањето на правниот поредок.

 

Сè што беше договорено ВМРО ДПМНЕ опструираше, вклучително и СЈО (04.10.2016)

Со добро поткрепени анализи со многу факти,  многупати од повеќе новинари, политичари, невладни организации, меѓународни организации, странски дипломатски претставници,  е утврдено дека ВМРО ДПМНЕ во најголем дел од обврските од Договорот во Пржино правеше опструкции. Тоа беше главна причина што на двапати дојде до одложување на изборите со оценка од сите (освен од ВМРО ДПМНЕ), дека не се исполнети условите за одржување на избори.

 

Може ли Миноски да не го знае кредитниот рејтинг на државата кај што е министер за финансии? (19.09.2016)

Она што е уште позбунувачи во оваа изјава на Миноски е фактот дека тој во неа на двапати говори за некакво намалување на кредитниот рејтинг, но не мисли дека тоа се случило од страна на „Фич“ и тогаш останува само намалувањето на кредитниот рејтинг на земјава од страна на „Стандард и Пурс“ од 2013 година. Зашто друго нема. Третата голема агенција за кредитен рејтинг (или бонитетна агенција) е „Мудис“, но таа не врши кредитен рејтинг на земјава.

 

ВМРО ДПМНЕ vs. СЈО: Против факти со говор на омраза (16.09.2016)

Во основата на ова обвинение како што информираше Фетаи, се и два анализирани телефонски разговори од незаконски сниманите и прислушувани, при што првиот се однесува „помеѓу двајца поранешни високи носители на извршната власт“, а вториот „помеѓу еден од поранешен висок носител на извршнатта власт и опфатен со обвинението и познат македонски бизнисмен“. Притоа, по анализата, СЈО јасно дошло до сознанија дека „првообвинетиот имал чисто лукративни мотиви, заради опстојување на партиските бизнис интереси на партискиот врв и нивните блиски бизнис партнери“.

 

Има место за страв – не знаеме како се градело последните 20 години (13.09.2016)

Како што напоменуваат стручните лица, вклучувајќи го и Гаревски и Марковски, делови од тој закон и прописите или правилниците како подзаконски прописи во врска со сеизмичноста, исчезнале некаде кон крајот на осумдесетите, а Република Македонија со до 2005 година нема напишано нов, прилагоден на новите услови Закон за градба. Првиот документ е донесен во 2005 година.

 

Генерал Николовски: Армијата е запоставена! (19.08.2016)

Трендот на намалување на буџетски средства за одбраната а со тоа и за АРМ, преку што се рефлектира тоа потценување, се гледа повеќе години наназад, а особено по 2008 година кога Македонија не стана членка на НАТО. Оттогаш па до денес, буџетот за одбрана од близу 130 милиони евра се намали на под 100 милиони, а најнизок беше во 2014 и 2015 година, кога достигна само околу 90-тина милиони. Што e, споредено со години кога бил и близу 200 милиони евра (не земјаќи ја предвид 2001 година кога бил и дупло повеќе), навистина видливо кратење.

 

Груевски ги подели граѓаните на „вмровци и други“ (15.08.2016)

Груевски не понуди ниту еден доказ за да го поткрепи тврдењето дека огромен процент од волонтерите се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Реално гледано не постои можност ниту прецизно, ниту приближно да се пребројат луѓето кои помагаат во Стајковци, Ченто, Сингелиќ, Инџиково според нивната партиска ориентација и пртипадност. Дури и самиот тој, во наредната реченица оди против тоа што го кажа. Имено Груевски, вели дека огромен број работници  дошле „преку одредени јавни претпријатија“,  за кои нели, не може да се генерализира дека се од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Ромевски против Ромевски: Прогностичкиот модел не го бива! (11.08.2016)

Оливер Ромевски, директор на Управата за хидро-метеоролошки работи, еден ден по катастрофалните поплави што го зафатија скопскиот регион даде изјава во која наведува дека тоа што се случило со дождовните облаци било феномен и не можело да се прогнозира. И во следните денови даваше изјави за кои сметаме дека не одговараат на вистината.

 

Министерот поголем експерт од релевантните институции за испитување на квалитетот на водата (13.07.2016)

Изјавата на Тодоров дека резултатите кои се направени се точни, но ставени во погрешен контекст, односно во контекст на правила кои се одамна напуштени во Европска унија, односно направени се мерења кои се споредени со параметри кои повеќе не се применуваат во ЕУ, ја оценуваме како недоследна.

 

Пратениците од власта изгласаа нов универзитет без елаборат и буџет (01.07.2016)

Во овој нов предлог од Владата има и три нови факултети, така што сега бројот на правни субјекти што ќе го сочинуваат новиот универзитет е 11, наместо претходните 8. Пратеничката Грчева, која и на Собраниските комисии ден претходно поднела амандмани кои не се усвоени, изјави дека без никакви елабоорати треба да гласаат за предлогот.

 

Oпштина Струмица не плаќала двојно поскап превоз од Битола (27.06.2016)

Со Договорот се регулира јавна набавка на превоз на ученици за релации Радовиш-Калуѓерица-Струмица и обратно. Во член 2 од Договорот е наведено дека единечна цена во двата правци изнесува 71 денар до Радовиш и 57 денари до Калуѓерица по ученик и дека цената е постигната по одржана електронска аукција. Во Договорот е наведено и дека единечната цена на превоз по ученик е непроменилива (Член 1).
Со Договорот се потврдува дека  изјавата на Пишев дека Струмица плаќа двојно поскап превоз од Битола е невистинита.

 

Не е познато дека Мијалков и Јанкулоска официјално ја одбиле милоста на Иванов (30.05.2016)

Станува збор за изјава на шефот на дипломатијата Никола Попоски, што тој ја даде во жестокото интервју  кое со него го водеше новинарот на Дојче Веле, Мишел Фридман. Во оваа изјава Попоски тврди дека  експремиерот Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и ексдиректорот на Управата за контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, побарале од претседателот Ѓорѓе Иванов да ја повлече нивната аболиција.

 

Учеството на ВМРО-ДПМНЕ на изборите, не значи почитување на Договорот од Пржино (16.05.2016)

ВМРО-ДПМНЕ достави кандидатски листи за пратеници и покрај тоа што три партии потписнички на Договорот од Пржино,  СДСМ, ДУИ и ДПА одлучија да не учествуваат на изборите, а повеќе од дваесет вонпарламентарни партии го најавија истото, со образложение дека не се исполнети условите за одржување на фер избори.

 

Од кој извештај читаше Трајчевски штом не виде прекршувања во известувањето? (03.05.2016)

Директорот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медииуми и медиумски услуги (ААВМУ) во ексклузивно интервју дадено за ТВ Нова на 25 04.2016 година, даде невистинита изјава во поглед на првиот извештај од мониторингот на медиумите што го спроведува самата агенција за начинот на известувањето во информативните програми во периодот од распишување на изборите до почетокот на изборната кампања.

 

Шарената револуција” не е организирана од ФООМ (27.04.2016)

Предмет на оваа анализа е оценка на точноста на изјавата на Стевчо Јакимовски, во којашто тврди дека  организатори на протестите се невладини организации кои ги финансира   Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ –  дел од мрежата Сорос фондации).  Истата се оценува како невистинита.

 

Груевски не сака да ги види доказите на СЈО за „Космос“ (25.04.2016)

Што се однесува на делот од изјавата на Груевски во кој вели дека обвинителството не приложило ниту еден минимален правен доказ, може да се забележи дека на прес-конференцијата,  на СЈО, обвинителката, Фатиме Фетаи, точно, во детали го опиша случајот наречен ТНТ и постапката како и по чија наредба се извршило уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“.

 

ДИК потврди дека се сомнителни над 300 илјади гласачи (11.04.2016)

Имено, медиумите на 17.03.2016 година информираа дека 495.258 е бројот на спорни гласачи  што го покажала вкрстената проверка на податоци на базата на МВР со податоците од други 10 институции. До податоците е дојдено со вкрстената проверка според методологијата што претходно ја подготви ДИК, но не сите близу половина милион спорни гласачи, кои во извештајот се наведени во табела насловена „лица кои се кандидати за проверка“, се и т.н. фантомски.

 

Ахмети не сакаше ни да размислува, а сега ќе оди на избори без опозиција (11.04.2016)

По објавувањето на одлуката за бојкот на СДСМ, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за емисијата „Патот кон“ на телевизијата Алсат М на 8. април 2016, излезе со став дека неговата партија ќе оди на избори и го повика Зоран Заев да се „предомисли за доборото на земјата и на неговата партија“.

 

Претседателот на Антикорупциска „е скаран“ со „неговиот“ закон (08.04.2016)

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, на прес конференција на 06.04.2016 година даде повеќе изјави во врска со анкетните листови на поранешни високи функционери во Владата на РМ, но и за него самиот како член и прв човек на комисијата, кои се невистинити во однос на законската материја што ги уредува овие прашања.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција