Жерновски: Tокму Груевски нарачуваше шамари!

Жерновски по одлагањето на рочиштето(03.05.2017) за слуѓајот „Шамарите во Општина Центар“ Фото: Принтскрин

 

 

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски по вчерашното одлагање на рочиштето за  случајот „Нарачани шамари во Општина Центар“, во кој првообвинет е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, меѓу другото, рече:

Не е вистина тоа што го кажа во јавност дека никогаш не нарачал насилство (Груевски н.з.). Се надевам дека правдата ќе победи и дека ќе бидат осудени и тој и сите оние кои му помагаат во овие злодела затоа што без санкционирање на насилството нема да излеземе од кризата во која се наоѓаме... 

[Извор: Плусинфо  Датум: 03.05.2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

 Оваа изјава на градоначалникот Андреј Жерновски, во која тој вели дека не се точни тврдењата на експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски дека  никогаш не  нарачувал насилство,  е вистинита.

Случајот за  насилството во Општина Центар во 2013 година (нарачаните шамари за Жерновски),  го покренa Специјалното јавно обвинителство (СЈО) врз основа на снимките од прислушуваните разговири кои во 2015 година ги обелодени опозицијата.

Во една од „бомбите“ која се однесува за „спонтаните“ протести пред Општина Центар  во јуни 2013 година за изградба на црква во центарот на Скопје,  како што објави СДСМ, Груевски од тогашниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески бара да организира инцидент во кој Жерновски ќе добие неколку шамари. Тоа убаво се слуша во еден од разговорите (од 14 до 14,26 минута од видеото)  прикажани   во 23-та бомба:

НГ: Ќе падне на уставен тоа а?
МЈ: Сто посто… Е сега…

НГ: Јас си мислам покрај тоа што на уставен ќе падне, у петок он да изеде едно пет шест шамари пред камери… да влезат граѓани и еден граѓанин да дојде да му удри три шамари, јаки, и да си искочи
МЈ: Може да договориме сценарио мислам, ја планирав овие нашиве да излегуваат да протестираат

НГ: Ама не го збори ова на никој
МЈ: Не, добро
НГ: Оти ако се расчуе, џабе, ќе знае и ќе спречи
МЈ: Значи ептен онака значи, тоа е исто како мали џокица замислува нешто си прави одлука и си пишува шо сака во одлуката
НГ: Подговтви го Мартин и Суле да спремаат од утре да маваме.
МЈ: Добро, ги имам материјалите…
НГ: У петок ќе му собереме едно 2.000 луѓе пред Центар, дел ќе си влезат и внатре, пошо нели имаат право граѓани да влезат, па да видиме да размислиме дали еден да стане и едно три четири шамари јаки да му врзе пред сите. Не може ништо да му се напраи, нема тешка телесна повреда тука за кривична, има прекршочна само.
МЈ: А.. Добро е советниците да прават тие како за буџетот шо прават
НГ: Како
МЈ: Нашиве советници да прават како за тие што правеа за буџетот. Да излегуваат да викаат спротивно на закон, не си ти устав да цениш, кој си ти устав да цениш
НГ: Да да… Ќе му ја скршиме седница,
МЈ: Тоа е
НГ: Нема да може да одржи една седница,
МЈ: Важи, ќе го спремам и Мартин…
НГ: Aли да имаме со аргументи да ја напумпаме атмосферата дека праи фалш за после тоа да има оправдување за тој чекор
МЈ: Важи ќе ги спремам јас ќе се слушнам со Мартин… Ги имам сите аргументи
НГ: Ај
МЈ: Важи поздрав

Исто така, да потсетиме дека Груевски во изминатиот период повеќепати испраќаше запаливи пораки и го повикуваше народот да ја одбрани државата. „Вистиномер“ веќе пишуваше дека Груевски не може да ја симнува одговорноста од неговите плеќи за срамниот инцидент во Собранието (27 април 2017) кога беа крвнички истепани повеќе пратеници и новинари.

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција