Живко Гошаревски

Живко Гошаревски е градоначалник на Општина Ресен

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Живко Гошаревски е роден на 03. 11. 1973 година во Ресен. Оженет е со Билјана (вработена во Заводот за рехабилитација на неспецифични респираторни заболувања во Отешево)  и татко на четири малолетни деца: Ангела, Михаил и  близнаците Благој и Андреј.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Основно и средно образование завршил во Ресен, а дипломирал на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје  во 2001 година.

Активно се служи со англискиот јазик, а пасивно го владее францускиот јазик.

 

КАРИЕРА

Професионалниот ангажман Гошаревски  го започнал во 2003 година во ПЗУ Д-р Живаго, во која тој  е основач и управител.

Во  периодот од 2013-2017 г. е советник во Советот на Општина Ресен од редовите на СДСМ.

По победата во првиот круг на локалните избори во 2017 година  го започнува својот мандат како градоначалник на Општина Ресен.

 

ИЗВОРИ:

Веб-страница на Општина Ресен:  Градоначалник/Биографија

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција