Зоран Ставрески

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Зоран Ставрески е роден на 29 октомври 1964 година во Охрид. Оженет е и е татко на едно дете. Тој е венчален кум на Никола и Боркица Груевски, односно кум на вториот брак на долгогодишниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Магистер по Економски науки на тема: Избор на оптимална монетарна стратегија и инструменти – случајот на Република Македонија; Универзитет ”Св.Кирил и Методиј“, Економски Факултет, Скопје, 1997

Дипломиран економист, 1987; Универзитет ”Св.Кирил и Методиј“, Економски Факултет, Скопје

Одлично го владее англискиот јазик.

 

КАРИЕРА

Светска банка февруари 2006 – август 2006 – Водечки економист за развојни политики – Одделение за Операциони политики и услуги за земјите членки (Operational Policy and Country Services). Член на едиторскиот одбор и автор на еден текст во книгата – Буџетска поддршка

Светска банка септември 2005 – Консултант – Одделение за Операциони политики и услуги за земјите членки (OPCS)

Светска банка март-август 2005 – Консултант – Одделение эа Европа и Централна Азија за намалување на сиромаштијата и економски менаџмент. Истражување на јавните расходи во Југоисточна Европа (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина , Србија, Црна Гора, Косово, Македонија и Албанија).

Светска банка 2001 – 2004 – Советник на Извршниот директор во Холандската конституенца за Република Македонија и Босна и Херцеговина. Советник на тимовите на Светска банка и Меѓународната финансиска корпорација (IFC) од 25 земји од франкофонска Африка. Комуникација со тимовите за проекти и прашања од интерес на земјите

Народна Банка на Република Македонија 1997 – 2000 – Директор на Дирекцијата за истражување и член на преговарачкиот тим на Централната банка за преговори со Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка.

Народна Банка на Република Македонија 1993 – 1997 – Истражувач во Дирекција за истражување и член на оперативниот тим на Централна Банка за преговори со Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка

АД Аутомакедонија 1990 – 1993 – Комерцијалист – Сектор увоз и извоз

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Од јули 2009 до 14 јуни 2016 година Министер за финансии и Заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски работи.

На 14 јуни 2016 поднесе неотповиклива оставка на двете функции, образложувајќи го потегот со здравствени причини.

Од август 2006 е министер за финансии. Во рамките на таа должност беше координатор на министерствата кои ја покриваат економската област.

Стратешки координатор на две компоненти на ИПА инструментот за претпристапна помош од Европската Комисија: регионален развој и развој на човечки ресурси

Претседавач на Годишните собранија на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд за 2008 година

Од јануари 2000 година до март 2001 година е Потсекретар на Министерство за финансии и член на тимот на Владата на Република Македонија за преговори со Меѓународниот монетарен фонд.

 

Бомбите

Зоран Ставрески беше често присутен во прислушкуваните разговори. Можеше да се слушне неговиот глас во повеќе разговори објавени во „бомбите“ од кои дознавме за ненаменското, недомаќинското трошење на буџетските срества, како и енормното задолжување на Македонија по директива на високи државни функционери.

СЈО до сега нема покренато обвинение против Зоран Ставрески.

 

ИЗВОРИ

Призма: Зоран Ставрески: Министер и кум кому му изгоре државното „ќесе“ (16 март 2015)

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција