Зорица Апостолска
Министерка без ресор во Владата на РМ предводена од Зоран Заев од 2017 година
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
-Во нејзината официјална биографија доставена до Собранието на РМ при изборот на Влада не е наведено кога и каде е родена Зорица Апостолска, ниту пак е наведено за нејзината семејна состојба
ОБРАЗОВАНИЕ
-Од 1974 – 1979 студирала и дипломирала на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје, насока банкарство и финансии
-По 2000 г. има усовршување на стручното знаење, посебно за пензиски системи во криза во САД, на Харвард Институт, како и на Институтот на Светска банка во Кембриџ, Масачусетс
КАРИЕРА
-Од 1979 -1993 г. работи во компанијата „Металски завод Тито“, каде завршува како директор на Финансии и заеднички служби
-Од 1993-2002г. работи како Помошник, па Советник на министерот во Министерството за труд и социјална политика во областа на пензиското осигурување
-Од 2002-2009 г. Апостолска е прв директор на Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување
– Од 2009 до 2017 г. е директор за наплата во „Стопанска банка АД Скопје“
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
-Дел е од раковдството на партијата НСДП на Тито Петковски
-Од 31.05. 2017 г. е именувана за Министерка без ресор во Владата на РМ, предводена од Зоран Заев
ИЗВОРИ:
- Собрание на РМ – Предлог за состав на Влада на РМ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар