Зошто Иванов не ја поништи аболицијата за сите „политички експонирани лица“?

Shumë qesharake më! Foto. Faqja e presidentit. Përpunoi: Vertetmatesi

Во своето обраќање од 27 мај 2016, Ѓорге Иванов изјави дека „Во согласност со Законот за дополнување на Законот за помилување, донесов одлука за поништување на одлуките за помилување – ослободување од гонење без спроведување на постапка за сите политички експонирани лица, вкупно дваесет и двајца“

 

 

Во своето обраќање од 27 мај 2016, Ѓорге Иванов изјави дека „Во согласност со Законот за дополнување на Законот за помилување, донесов одлука за поништување на одлуките за помилување – ослободување од гонење без спроведување на постапка за сите политички експонирани лица, вкупно дваесет и двајца“

 

Пишува: Жарко Трајаноски

 

Иако во законот за помилување не се среќава изразот „политички експонирани лица“, дефиниција на овој израз можеме да сретнеме во еден водич за транспарентност и отчетност: „Терминот „политички експонирано лице“ се однесува на избрани или именувани владини претставници на кои им е доверена видна позиција и на лицата поврзани со таква личност.“ Според овој водич, „На политички експонираните лица мора да им се посвети особено внимание кога се обидуваат да отворат сметки во финансиски институции, поради поголемата можност овие функционери да поседуваат средства од коруптивни активности.“ Исто така, водичот укажува дека „Домашните политички експонирани лица мора да бидат идентификувани и вклучени во деталната анализа на финансиската институција со цел да се елиминираат можностите за перење пари…“.

Но, ако ја земеме предвид оваа дефиниција на изразот „политички експонирани лица“, тогаш може да се изведе заклучок дека Ѓорге Иванов не донел одлука за поништување на одлуките за помилување за сите политички експонирани лица. Односно, дека политички експонирани лица не се само дваесет и двајцата чии одлуки за помилување беа поништени. Имено, листата на политички експонирани лица може да се прошири опфаќајќи ги сите избрани или именувани владини претставници на кои им е доверена видна позиција и лицата поврзани со таква личност.

collage-pita-i-iminja

 

  • Ирена Мишева – претседателка на Советот на Град Скопје
  • Миле Јанакиески – поранешен министер за транспорт и врски
  • Живко Пејковски – директор на затворот „Идризово“
  • Гордана Јанкулоска – поранешен министер за внатрешни работи
  • Љупчо Димовски – поранешен министер за земјоделство
  • Мартин Протоѓер – шеф на кабинет на поранешниот премиер Никола Груевски
  • Љупчо Тодоровски-Радникот – поранешен директор на Бирото за јавна безбедност
  • Мендух Тачи – претседател на ДПА
  • Бедредин Ибраими – член на ДИК од ДПА
  • Кирил Божиновски – поранешен генерален секретар на Влада
  • Сашо Мијалков – поранешен директор на УБК
  • Никола Груевски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер
  • Трајко Трпевски – генерален директор на градежната компанија „Бетон“
  • Мирослав Јовановиќ – главен директор за техника и ИТ на Македонски Телеком
  • Горан Грујовски – поранешен началник на Петата управа при УБК
  • Тони Трајковски – градоначалник на Гази баба
  • Жарко Луковски – главен извршен директор на „Телеком“
  • Зоран Заев – претседател на СДСМ
  • Трајко Вељаноски – претседател на Собранието на Република Македонија
  • Зоран Верушевски – поранешен директор на УБК
  • Ивица Анчевски-Пуки – поранешен раководител на полициската единица „Алфи“
  • Горанчо Тодев
  • Метуш Шабани
  • Новица Станковски
  • Коце Трајановски – градоначалник на Град Скопје
  • Владимир Тодоровиќ – поранешен градоначалник на општина Центар
  • Ристо Новачевски – формално директор на „Сирах инженеринг“, кум на Груевски од првиот брак
  • Тодор Мирчевски – директор на офшор-фирмата „Ексико“
  • Киро Тодоровски
  • Надица Велевска – вработена во МВР
  • Мунир Пепиќ – полициски службеник
  • Едмонд Темелко – градоначалник на Пустец, Република Албанија
  • Коста Митровски – претседател на изборна комисија на Општина Центар
  • Тони Јакимовски – национален координатор за борба против тероризмот и поранешен директор на „Идризово“
  • Никола Бошкоски
  • Валентина Симоновска – архиварка во МВР
  • Владимир Талески – градоначалник на Битола
  • Ѓорѓи Лазаревски – поранешен вработен во УБК
  • Соња Верушевска – сопруга на Зоран Верушевски, вработена во Комерцијална банка
  • Бранко Палифров – вработен во Општина Струмица
  • Анета Станчевска – шеф на одделот за внатрешна контрола во МВР
  • Исмет Гури – поранешен член на општинска изборна комисија на Чаир
  • Дејан Митровски-Урко – поранешен шеф на обезбедувањето на Никола Груевски
  • Бранко Црвенковски – поранешен претседател на СДСМ и поранешен претседател на Македонија
  • Коста Крпач – директор на скопската компанија „Финзи“, која сега е сопственик на веб-порталот „Нетпрес“
  • Владислав Стајковиќ – прв управител на фирмата „Финзи“ и директор на „Мобико ДООЕЛ Скопје“, фирма која е овластен сервисер за мобилни телефони на „Т-мобиле Македонија“
  • Христијан Панев – директор на НВСП, сопственик на „Радио Слободна Македонија“
  • Божидар Јанковски – директор на „Дајнерс Македонија“
  • Светлана Костова – судијка на Вишиот управен суд
  • Хаим Хакини – државјанин на Израел
  • Лиле Стефанова – обвинителка во СЈО
  • Фатиме Фетаи – обвинителка во СЈО
  • Гаврил Бубевски – обвинител во СЈО
  • Звонко Костовски – вработен во МВ

 

Од горенаведената листа објавена на „Мета“ (подвлечени се имињата на 22 лица за кои се поништени одлуките за помилување) јасно е дека има голем број на кандидати за политички експонирани лица на кои не им се поништени одлуките за помилување, па оттаму се поставуваат прашањата:

  1. Зошто Иванов не ги поништи помилувањата на Љупчо Тодоровски – Радникот – поранешен директор на Бирото за јавна безбедност, на Горан Грујовски – поранешен началник на Петата управа при УБК, на Ивица Анчевски-Пуки – поранешен раководител на полициската единица „Алфи“, Дејан Митровски-Урко – поранешен шеф на обезбедувањето на Никола Груевски, и на Анета Станчевска – шеф на одделот за внатрешна контрола во МВР, за кои обелоденетите снимки покажаа дека извршувале налози од други политичари или функциониери, чии помилувања беа повлечени?
  2. Зошто Иванов не ги поништи помилувањата на избраниот функционер Едмонд Темелко – градоначалник на Пустец, Република Албанија, и именуваниот претседател на изборна комисија на Општина Центар – Коста Митровски?
  3. Зошто Иванов не го поништи помилувањата на судијката на Вишиот управен суд Светлана Костова, за која обелоденетите снимки покажаа дека извршувала налози од поранешниот директор на УБК?

Зошто горенаведените се изземени од списокот на „политички експонирани лица, вкупно дваесет и двајца“, а на пишман-списокот на Ѓорге Иванов се најде вработен во општина Струмица кој не извршува никаква видна функција? (Слободна Македонија)

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција