Зрновци доби нов плоштад

vmro-dpmne-logo

Проект: Изградба и уредување на плоштад во с. Зрновци.

Опис на проектот: Потребата од јавен простор за одржување на јавни случувања ќе биде задоволена со изградба на плоштад во селото Зрновци. Средства: 1.000.000,00 денари. Извор на финансирање: Буџет на РМ. Рок за реализација: 2014-2017 година

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето за изградба на на плоштад во с. Зрновци е исполнето ветување на градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков. Проектот е дел од предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за локалните  избори 2013-2017 година „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Општина Зрновци!“ (стр.34).

На 10.01.2014 година, Канал 8 јави дека Зрновци за пет месеци ќе добие плоштад.

Потпишани договорите за изградба на плоштад во село Зрновци. Истиот ќе се наоѓа на улица „Генерал Апостолски“. Неговиот главен дел ќе биде изграден со терацо и бехатон плочки. Планирано е да биде направена фонтана со постамент за статуа.

На 23.01.2014 година медиумите информираа дека почнала изградбата на новиот плоштад во Зрновци.

Во Зрновци започна со изградба новиот плоштад кој се гради со средства од Агенцијата за подршка на земјоделието и руралниот развој и ке се протега на површина од 1.650 метри. Локалната самоуправа на Општина Зрновци започна со реализација на планските активнсоти за изградба на плоштадот во населбата,кој ке се протега на површина од 1.650 метри и ке го користат граѓаните на Зрновци и општината. Урбанистичкото решение предлага можност за собир на граѓаните како и реализирање на повеке културно уметниучки активности и собири, пренесе МРТ.

На 10.11.2014 година, Канал 8, пренесувајќи информација дека во Зрновци бил осветен споменик на Свети Димитрија, заштитникот на Општината, спомнува дека црквата посветена на Светиот великомаченик Димитрија се наоѓа до плоштадот во Зрновци.

Инаку Општината неодамна доби и плоштад. Изграден е од средства од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој во висина од 6 милиони денари и се наоѓа на самиот центар во Зрновци. Луѓето ќе го користат за средби и организирање разни манифестации.

Градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков, на 27.08.2017 година, даде Отчет (стр.14) за сработеното во мандатот 2013-2017 година, во кој како реализиран проект ја спомна и изградбата на плоштадот.

… Изградивме и уредивме плоштад во село Зрновци, со изградбата на овој плоштад ја задоволивме потребата на јавен простор за одржување на јавни случувања, изјави Станков.

Имајќи го предвид сето ова, може да се заклучи дека ветувањето на Станков за изградбата на плоштад во Зрновци, е исполнето.

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Ана Анастасовска


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *