Yearly Archives

2021

Во вакцините против ковид-19 нема живи паразити и полипи

Научната јавност е децидна дека е невозможно паразити или кое било друго живо суштество, да постојат во вакцината против ковид-19. Водата и другите течности во вакцината се прочистуваат под строги услови, што спречува какви било паразити…

Лажно се инсинуира дека песна на Бијонсе стара 7 години, е поврзана со коронавирусот

Постот изнесува дезинформација дека песната 7-11 е нова, иако таа е од 2014 година. Ниту графен оксид, ниту пуштање во воздух на коронавирус не може да биде дел од интерпретацијата на ова музичко дело и спотот, зашто станува збор за стар…

Нема графен оксид во вакцините против ковид

Не е вистина дека вакцините против ковид содржат состојка графен оксид. Овој материјал не е наведен во составот на ниту една вакцина, самата компанија „Фајзер“ го негира неговото присуство во вакцината, а истражувањето посочено како извор…

Овие 13 деца не починале од вакцина, туку во стампедо во Кенија

Графичкото видео кое е вознемирувачко и се злоупотребува на социјалните мрежи нема никаква врска со вакцинацијата. Тоа е снимено во февруари 2020 година во Кенија во градот Какамеда, кога 13 деца починаа во стампедо во основно училиште, а…

Не е точно дека ДУИ досега не била во опозиција

ДУИ беше опозициска партија пред 15 години,  во 2006 година кога Груевски формираше влада со ДПА, НСДП и ЛДП. Во власта, пак,  е континуирано 13 години - од 2008 година. Оттука, неточна е информацијата што ја соопштува Левица дека доколку…

Со податоци извадени од контекст се шират дезинформации за ефикасноста на вакцините

Во овој пост е споделен текст кој пренесува истражување направено од Лансет, кое погрешно се цитира без соодветен контекст. Самата студија, всушност вели дека вакцините се ефикасни во спречување на хоспитализација и смртен исход, што е…

Дуќанџиите на удар на нелегалната интернет продажба

Охридските дуќанџии со години се соочуваат со нелојална конкуренција. Многу е-продавници, без фирма и фискална каса, „дебело“ заработуваат на социјалните мрежи. До Организацијата на потрошувачи во Охрид пристигнале голем број поплаки од…

Вакцинацијата на децата против ковид не е кривично дело, туку слободен избор на родителот

Во постот се изнесени повеќе неточни тврдења. Децата најчесто полесно го поминуваат ковид-19, но новата делта варијанта на коронавирусот покажа дека нема правила. Во земјава од ковид починаа и млади лица, на возраст од 15, 16 и 17 години.…

Нејасно видео шири дезинформации дека вакцините против ковид-19 содржат графен оксид

Видеото е нејасно и нема информации кога и каде е направена снимката, за кој пациент станува збор. Нема никакви факти кои би го поткрепиле тврдењето дека лицето чиишто бели дробови се на снимката е вакцинирано против ковид-19 и дека се…

Директорот на „Фајзер“ не бил уапсен на 5 ноември оваа година

Во постот што се шири на Фејсбук, а кој се повикува на текст објвен на сајтот „Тhe Conservative Beaver“, се тврди дека директорот на „Фајзер“ е уапсен на 5 ноември во неговиот дом во Њујорк. Написот е објавен истиот ден кога директорот на…

Вакцините против ковид не содржат отров

Вакцините се безбедни, ефикасни и развиени на безбедни платформи. Пред нивната апликација спроведени се низа тестирања од кои е утврдено дека бенефитот од вакцината далекусежно ги надминува несаканите ефекти. На официјалната веб-страница за…

Бизарна дезинформација е дека на Ноќта на вештерките ќе се изврши најмасовното жртвување на деца  

Објавата е полна со неточни, недокажани информации, податоци кои немаат ниту научна основа, ниту логика и претставува збир од паушални и сензационалистички нафрлени теории на заговор кои подолго време се шират на интернет просторот.…

АНАЛИЗА: Колку пари и за кои проекти ќе се троши буџетот догодина

Значајни инвестициони вложувања со буџетски средства се планирани во областа на патната инфраструктура – Коридор 8, инвестции во Коридорот 10, физибилити студија за изградба на патот Тетово-Призрен, изградба на автопатска делница…

Иако се произведени во рекордно време, вакцините ги поминаа безбедносните тестови и се ефикасни

Во весникот „Банер” е објавен текст во кој е изваден од контекст пулмологот Ардијан Јорѓи кој во интервју зборува за „Тв Клан“. На ваков начин се дезинформираат читателите за ефектот што вакцините против ковид го имаат врз луѓето и за…

Алфред Цако повторно ja мами јавноста

Непрофесионалните медиумски производи претставуваат сериозен ризик за јавното мислење. Ризикот станува уште поголем кога на нерелевантни лица им се дава медиумски простор да шират хаос и паника кај читателите. Типичен пример за ова е…

Ковид 19 не е измислено сценарио, туку светска пандемија

Иако класична дезинформација, содржината што ја рецензираме за само неколку дена успеа да собере околу 500 лајкови и десетици коментари на социјалните мрежи. Содржината предизвика револт кај оние кои коментираат и изразуваат омраза кон…

Не е точно дека 70 проценти од вакцинираните заболеле од коронавирусот во Израел

Во Израел вакцинирани со 1 доза се 6.243.281 лица, со две дози 5.738.253 и со три дози 3.973.121 лице. Досега во Израел има регистрирано 1.331.519 случаи, што не е 70 проценти од ниту една од бројките погоре, било да се мисли на оние…

Не е дојден крајот на ковид пандемијата во Србија

Пандемијата со ковид во Србија не е завршена, а такво нешто не се ни предвидува дека ќе се случи наскоро за целиот регион, особено поради зимскиот период кој ни претстои и во чиј пресрет веќе се регистрирани зголемени бројки на инфекции и…