Фотографијата од „најголемиот јастог во светот“ е креирана со вештачка интелигенција

Фото: Принтскрин ФБ пост

Фотографијата споделена во објавата на прв поглед изгледа реална, но доколку ја погледнете подетално ќе видите дека станува збор за креација на вештачка интелигенција. Тоа го утврдиле и проверувачите на факти на АФП и на Сноупс. Најтешкиот регистриран морски рак тежел 20,14 килограми и неговата должина била измерена 1,06 метри. Американскиот или северноатлантскиот јастог бил фатен во 1977 година во Нова Шкотска, Канада и „подоцна продаден на сопственик на ресторан во Њујорк“, пишува во Гинисовата книга на рекорди

Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од наводно уловен џиновски јастог.

Порторикански рибари од Гран Канарија го уловија најголемиот јастог на светот. Неговата тежина е 150 kg, а должината без мустаќи е 2 m 60 cm, стои во објавата.

Фотографијата на прв поглед изгледа реална, но доколку ја погледнете подетално ќе видите дека станува збор за креација на вештачка интелигенција. Имено, тоа го утврдиле и проверувачите на факти на АФП и на Сноупс.

АФП разговарале со тројца компјутерски експерти кои рекоа дека фотографијата содржи знаци дека е создадена со вештачка интелигенција.

Сивеи Лиу, директор на Медиумската форензичка лабораторија на Универзитетот во Бафало, истакнал дека нивото на морето на хоризонтот не е право.

Оваа фотографија ми е прилично јасна дека е генерирана со вештачка интелигенција, рекол тој за АФП.

Мажите на сликата, исто така, имаат „искривени изрази на лицето“ и „ненормални пози на рацете“, посочила за АФП, Шан Џиа, истражувачки научник на Одделот за компјутерски науки и инженерство на Универзитетот во Бафало.

Шу Ху, шеф на лабораторијата за машинско учење и медиумска форензика на Универзитетот Пурдју, додал дека палубата на бродот изгледала „погрешно“ и дека обликот и бојата на рацете на човекот во средината „не се симетрични“.

Пребарувањето на веб-страницата на Гинисовата книга на рекорди не пронајде конкретен запис за „најголемиот јастог во светот“.

Сепак, најтешкиот регистриран морски рак тежел 20,14 килограми и неговата должина била измерена 1,06 метри.

Американскиот или северноатлантскиот јастог бил фатен во 1977 година во Нова Шкотска, Канада и „подоцна продаден на сопственик на ресторан во Њујорк“, пишува во Гинисовата книга на рекорди.

Вистиномер и претходно има дебанкирано објави кои споделувале фотографии креирани со помош на вештачка интелигенција.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е неточна.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција