Смртноста во американската армија во 2021 година не се зголемила за 1100 проценти

Фото:Deniece PlattPixabay

Откако во 2021 година се појави ненадеен раст на смртноста и медицински состојби како канцер, портпаролот на одделот за набљудување во Агенцијата за здравје на армиските припадници, за Политифакт изјавил дека ги разгледале податоците и утврдиле дека во нив имало грешки во периодот од 2016 до 2020 година. Па така се случило точни податоци од 2021 година да бидат споредувани со неточни податоци во петте години претходно, при што се добил лажен впечаток за значителен раст во 2021 година. Неточно е тврдењето од објавата дека вакцините се генска терапија. Генската терапија не се користи во развојот на вакцините против ковид-19, бидејќи овие вакцини не ги заменуваат и не ги менуваат човечките гени

Откако во 2021 година се појави ненадеен раст на смртноста и медицински состојби како канцер, портпаролот на одделот за набљудување во Агенцијата за здравје на армиските припадници, за Политифакт изјавил дека ги разгледале податоците и утврдиле дека во нив имало грешки во периодот од 2016 до 2020 година. Па така се случило точни податоци од 2021 година да бидат споредувани со неточни податоци во петте години претходно, при што се добил лажен впечаток за значителен раст во 2021 година. Неточно е тврдењето од објавата дека вакцините се генска терапија. Генската терапија не се користи во развојот на вакцините против ковид-19, бидејќи овие вакцини не ги заменуваат и не ги менуваат човечките гени

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

ПЛАНИРАН ГЕНОЦИД СО ГЕНСКИ ИНЈЕКЦИИ, т.н. вакцини. Кај нас молчат, молчи науката, ако воопшто ја има, молчи и докторската фела?!?
„Ова е геноцид!”
Тод Календер, адвокат на поборниците за правата на лицата со посебни потреби.
Адвокатот на американската војска ја нарекува вакцинацијата планиран геноцид. 11 пати повеќе смртни случаи во рок од 10 месеци од започнувањето на вакцинацијата.

Адвокатот Тод Календер кој се посочува како извор во објавата, не само што не е кредибилен, туку од страна на Форбс е нотиран и како лице кое шири дезинформации.

Во видеото кое е во склоп на објавата што ја рецензираме Календер изнесува неколку дезинформации. Првата е дека во војската на САД во 2021 година имало 1100 проценти зголемување на смртноста.

Не е точно дека во 2021 година смртноста во американската армија се зголемила за 1100 проценти. Тврдењето за висок раст на смртноста меѓу американскиот персонал во армијата се појави во јануари 2022 година кога податоци објавени од Defense Medical Epidemiology Database (DMED) – сега се избришани, беа цитирани од адвокат од Охајо кој застапувал тројца „свиркачи” на панел дискусија за вакцините против ковид-19.

ДMЕД е јавно достапен ресурс што содржи моментални и минати податоци за болести и медицински настани искусени од страна на членови на армискиот персонал. Откако во 2021 година се појави ненадеен раст на смртноста и медицински состојби како канцер, Питер Грејвс, портпарол на одделот за набљудување во Агенцијата за здравје на армиските припадници во одделот за одбрана, за Политифакт изјави дека откако ги разгледале податоците, утврдиле дека во нив имало грешки во периодот од 2016 до 2020 година.

Па, точни податоци од 2021 година биле споредувани со неточни податоци во петте години претходно, така што се добил лажен впечаток за значителен раст во 2021 година, кој во суштина не постоел. Неточноста оттогаш се злоупотребувала за да се пласира невистинитото тврдење за пораст од наводни 1.100 проценти зголемена смртност кај американската армија.

Во однос на тврдењето дека во вакцината биле додадени ХИВ протеини, фактите говорат дека во ниедна вакцина која моментално се користи, нема ХИВ протеини.

Ова неточно тврдење може да е поврзано со фактот дека вакцина која не беше пуштена во употреба во Австралија, имала мал дел од протеин од ХИВ вирус, за да предизвика посилен имунолошки одговор. Овој вакцина беше исфрлена уште во раната фаза од клиничките тестирања, во кои некои учесници добија лажни ХИВ позитивни резултати. Како што Вистиномер претходно пишуваше, вакцините против ковид-19 не го намалуваат имунитетот на вакцинираните, ниту пак предизвикуваат синдром на стекната имунодефициенција ВАИДС, таканаречена нова состојба која антиваксерите ја споредуваат со СИДА.

Во реалноста, не постои такво нешто како ВАИДС, а истражувањата покажуваат дека достапните вакцини против ковид-19 им обезбедуваат на примателите зголемена заштита од коронавирусот, пишува сервисот за проверка на факти на Асошиејтед прес (АП).

Портпаролот на британската агенција за јавно здравје за Политифакт го демантираше тврдењето дека вакцините го намалуваат имунитетот кај луѓето и дека тие добиваат СИДА.

Портпаролот на СЗО за Еуроњуз вели дека нема ниту еден кредибилен извор кој објавил нешто за ВАИДС и ова го оцени како дезинформација. Бразилската асоцијација за инфективни болести излезе со известување дека нема корелација меѓу било која вакцина против ковид-19 и СИДА.

Дебанкирано е и тврдењето од објавата дека вакцините се „генска терапија“. Институтот Харвард пишува дека генетската терапија вклучува процес во кој проблематични генски секвенци се заменуваат со здрави и на таков начин превенираат развој на болест. Генската терапија не се користи во развојот на вакцините против ковид-19, бидејќи овие вакцини не ги заменуваат и не ги менуваат човечките гени.

Повеќе светски сервиси за проверка на факти потенцираат дека мРНК вакцините не се генска терапија, а за истото веќе пишуваше и Вистиномер.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција