„Мечките што танцуваат“ се минато во Бугарија и не се возат во софискиот трамвај

Фото: Принтскрин видео ФБ пост

Чувањето на „мечки што танцуваат“ порано било вообичаена атракција во Бугарија. Оваа сурова практика беше забранета во 1998 година, но и покрај официјалната забрана практиката спорадично постоела до 2000 година, за во 2007 година последните вакви мечки да бидат спасени во паркот Белица

Чувањето на „мечки што танцуваат“ во минатото претставувало атракција во Бугарија. Оваа сурова практика беше забранета во 1998 година, но и покрај официјалната забрана практиката спорадично постоела до 2000 година, за во 2007 година последните вакви мечки да бидат спасени во паркот Белица

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал на кој се гледа мечка како се вози во трамвај заедно со својот сопственик, a во описот пишува:

Бугарско и европско чудо, мечка се вози во трамвај во Софија!

Објавата е од 10 јули 2024 година и има над 25 илјади допаѓања и 2.100 коментари.

Вистиномер го пронајде видеоматеријалот прикажан во објвата и утврди дека тој потекнува од документарец кој е стар со децении, а кој е за „танцувачки мечки“ кои се користеле за забава во минатото, но се ослободени. Во написот на познатиот германски неделник Шпигел, објавен во 2007 година, се вели дека и „последната бугарска танцувачка мечка оди на слобода“. Тоа сугерира дека документарецот е толку стар, што потекнува пред 2007 година.

Кога бугарски медиум го реобјавил видеото на 3 јули 2019 година, во насловот пишуваДа се присетиме на времето кога мечките се возеа во софискиот трамвај“.

Тоа сугерира дека ваков начин на одгледување на мечки за танц веќе не постои во Бугарија и тие дефинитивно не се возат во софискиот трамвај во 2024 година. Во минатото, според текстот на Шпигел, сопствениците на мечките вметнувале синџир низ прстен во носот на младенчето мече, кое потоа било тренирано да „танцува“, така што било принудувано да оди по врел јаглен. Додека мечката, всушност, има болки, симулира танцување, според описот во Шпигел. 

Чувањето на „мечки што танцуваат“ во минатото претставувало атракција во Бугарија. Оваа сурова практика беше забранета во 1998 година. До 2000 година за да се сместат овие спасени мечки, бил формиран паркот на танцувачки мечки Белица.

Иако измачувачките тренинзи за мечките беа забранети во 1998 година, сепак имаше мечки кои беа принудени да настапуваат. Во 2000 година паркот Белица беше основан од FOUR PAWS и FONDATION BRIGITTE BARDOT, како постојана локација за сместување на поранешните ‘танцувачки мечки’ кои беа спасени од FOUR PAWS. Во 2007 година, последните „мечки кои танцуваат“ во Бугарија беа спасени од ЧЕТИРИ ШЕПИ, пишува на сајтот на организацијата.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека во оваа објава се пропушта контекстот заради што таа е манипулативна. Тренирање мечки за танцување во Бугарија е забрането и тие веќе одамна не се возат во софискиот трамвај. Од друга страна, пак, објавата создава впечаток како настанот во неа да е актуелен, односно како да се случил деновиве, што претставува манипулација.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција