Измама е дека имало распродажба на звучници во Сетек за 123 денари!

Во објавата злоупотребено е името, брендот и логото на продавницата за техника Сетек, со тоа што е презентирана фотографија со нивното лого под која е наведена невистинитата информација дека „звучникот е по специјална цена од 123 денари“.Крајното пренасочување е до страница на која се бара од корисниците да упатат 1.99 евра, за непознати цели. Сигурно е дека звучник нема да добијат.

Во објавата злоупотребено е името, брендот и логото на продавницата за техника Сетек, со тоа што е презентирана фотографија со нивното лого под која е наведена невистинитата информација дека „звучникот е по специјална цена од 123 денари“.Крајното пренасочување е до страница на која се бара од корисниците да упатат 1.99 евра, за непознати цели. Сигурно е дека звучник нема да добијат

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Р͏а͏с͏п͏р͏о͏д͏а͏ж͏б͏а͏ ͏в͏о͏ ͏С͏е͏т͏е͏к͏!͏ ͏Д͏о͏б͏и͏ј͏т͏е͏ ͏J͏B͏L͏ ͏F͏l͏i͏p͏ ͏6͏ ͏з͏а͏ ͏с͏а͏м͏о͏ ͏1͏2͏3͏ ͏д͏е͏н͏а͏р͏и͏!͏ ͏ ͏Н͏а͏б͏а͏в͏е͏т͏е͏ ͏J͏B͏L͏ ͏F͏l͏i͏p͏ ͏6͏ ͏с͏о͏ ͏о͏ш͏т͏е͏т͏е͏н͏о͏ ͏п͏а͏к͏у͏в͏а͏њ͏е͏ ͏з͏а͏ ͏с͏а͏м͏о͏ ͏1͏2͏3͏ ͏Д͏е͏н͏.  ͏С͏о͏д͏р͏ж͏и͏н͏а͏т͏а͏ ͏в͏н͏а͏т͏р͏е͏ ͏е͏ ͏ц͏е͏л͏о͏с͏н͏о͏ ͏н͏е͏д͏о͏п͏р͏е͏н͏а͏.͏ ͏Н͏е͏ ͏ј͏а͏ ͏п͏р͏о͏п͏у͏ш͏т͏а͏ј͏т͏е͏ ͏о͏в͏а͏а͏ ͏и͏с͏к͏л͏у͏ч͏и͏т͏е͏л͏н͏а͏ ͏п͏о͏н͏у͏д͏а͏.͏ Кл͏и͏к͏н͏е͏т͏е͏ ͏н͏а͏ ͏к͏о͏п͏ч͏е͏т͏о͏ ͏„͏К͏у͏п͏у͏в͏а͏ј͏т͏е͏ ͏с͏е͏г͏а͏“͏ ͏и͏ ͏д͏о͏б͏и͏ј͏т͏е͏ ͏б͏е͏с͏п͏л͏а͏т͏н͏а͏ ͏д͏о͏с͏т͏а͏в͏а͏ ͏д͏о͏ ͏д͏о͏м͏а͏.

Во објавата злоупотребено е името, брендот и логото на продавницата за техника Сетек, со тоа што е презентирана фотографија со нивното лого под која е наведена невистинитата информација дека „звучникот е по специјална цена од 123 денари“.

Кога се следи линкот, тој води до неколку прашања за кои се мамат корисниците дека ако ги одговорат тогаш ќе добијат звучник по неверојатната цена. Потоа тие се упатуваат на екран каде бираат кутии со подароци.

Честитки! Освоивте JBL Flip 6. Имате само 2 минути да ја добиете вашата награда. Кликнете ок и потоа одете на страницата за испорака. Имате 2 минути да ја потврдите вашата апликација. Наградата ќе биде испорачана во рок од 3 до 5 дена од потврдата, пишува на екранот. 

Потоа корисниците се пренасочуваат на страница каде од нив се бара да споделат лични податоци односно име, презиме, адреса, поштенски број телефон, мејл и откако ќе го направат тоа, да ги споделат и своите банкарски податоци, со невистината дека „на таков начин плаќаат само за поштарина“.

Крајното пренасочување е до страница на која се бара од корисниците да уплатат 1.99 евра, за непознати цели. Сигурно е дека звучник нема да добијат.

Самото тоа е огромен финансиски ризик, со оглед на тоа што најголемиот дел од овие измами, функционираат на принципот што откако корисникот еднаш ќе ги внесе своите податоци од картичката од својата банкарска сметка, тој всушност „се претплатува“ на некаква услуга која постојано му извлекува пари од картичката – нешто на кое што тој не се согласил, односно сметајќи дека плаќа поштарина за евтин звучник, всушност се согласува на измама која постојано ќе го оштетува финансиски.

Самата страница каде е злоупотребен брендот на Сетек не е на фирмата и е новонастаната, а тоа се гледа од бројни елементи. Таму има само 5 следачи и само 3 објави и на секоја од нив ја има лажната наградна игра. Официјалната страница на Сетек има 281 илјади следачи и е со години активна на Фејсбук. Таму има бројни промоции, ценовни информации, официјална адреса, телефон, линк што води до веб страницата на компанијата итн.

Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција