АНАЛИЗА: Големите општини ќе можат да аплицираат за државни пари, некои од нив „тонат“ во долгови 

Фото: portalb.mk

Општини со помал број на жители пријавиле поголеми долгови. Има и локални самоуправи кои како потенцијални кандидати за државните средства од унгарскиот кредит, немаат доспаени обврски, но милионски суми должат јавни претпријатија формирани и менаџирани од локалната власт. На ниво на државата, со исклучок на скопските општини, најголем број на жители имаат петте општини: Куманово, Битола, Тетово, Прилеп, Охрид и Струга, пишува Порталб

Општини со помал број на жители пријавиле поголеми долгови. Има и локални самоуправи кои како потенцијални кандидати за државните средства од унгарскиот кредит, немаат доспаени обврски, но милионски суми должат јавни претпријатија формирани и менаџирани од локалната власт. На ниво на државата, со исклучок на скопските општини, најголем број на жители имаат петте општини: Куманово, Битола, Тетово, Прилеп, Охрид и Струга, пишува Порталб

 

Куманово со најмногу жители, Тетово со најголеми долгови 

На ниво на државата најголема, со 98.104 жители, е Општина Куманово и според бројот на жители оваа локална самоуправа  ги исполнува условите за потенцијален апликант за државните средства од пакетот вреден 100 милиони евра за годинава. Општина Куманово заклучно со првото економско полугодие нема доспеани, а неплатени обврски, но на „должничката листа“ на Министерството за финансии со пријавени долгови се наоѓаат Јавни претпријатија формирани од општината и во надлежност на општината, како што е ЈП Водовод Куманово со долг од скоро 9,2 милиони евра и ЈП Чистота и зеленило со 3,5 милиони евра.

Со 85.164 жители, Општина Битола е втора по големина. На крајот на јуни доспеаните, а неплатени обврски изнесувале 310.300 евра, а долг во износ од 453.000 евра пријавило ЈКП Водовод, како и ЈП Стрежево Битола со пријавени неплатени обврски во износ од скоро 207.000 евра.

Трета според бројот на жители, со 84.770, е Општина Тетово. Оваа локална самоуправа долги години е рангирана меѓу најзадолжените на ниво на државата. На крајот на вториот квартал од годинава, според податоците од Министерството за финансии, Тетово имала 9,9 милиони евра доспеани, а неплатени обврски поради што е рангирана на 13-то место на новата листа на државни институции со долгови. Неплатени обврски пријавиле, меѓу другите, и ЈКП Тетово Ц.О Тетово во износ од 5,7 милиони евра и ЈП Градски паркинг Тетово со 67.500 евра долг.

Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

Со исклучок на скопските општини, Општина Прилеп е на четврто место со 69.025 жители. На крајот на јуни оваа локална самоуправа пријавила скоро 732.000 евра доспеан долг, а неплатени обврски во износ од скоро 400.000 евра имало и ЈКП Комуналец Прилеп, а обврски имаат и други ЈП под капа на општината.

Општина Охрид со 51.428 жители е една од локалните самоуправи кои според бројот на резидентно население ги исполнува условите за државните пари. И оваа општина долги години котира високо според износот на долговите кои се провлекуваат со години. На крајот на јуни, Охрид пријавил долг во износ од 1,1 милион евра. Значајно повисок долг од општината има ЈП Водовод Охрид со досепани, а неплатени обврски во износ од 5,9 милиони евра.

Следна според бројот на жители, со 50.980, е Општина Струга. И оваа локална самоуправа со години пријавуваше милионски износи на долгови. На крајот на јуни тие изнесувале 1,4 милиони евра, а голем износ од 3,9 милиони евра пријавило ЈП Водовод и канализација Струга како и ЈП Комунално со обврски од 740.300 евра.

Државните средства од унгарскиот кредит ќе се делат по усвојувањето на ребалансот на Буџетот, со најава дека пристапот нема да се политизира и нема да има селективност, туку пари ќе добијат оние општини кои ќе понудат кавалитетни инфраструктурни проекти.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција