Белгискиот чоколаден десерт во форма на дланки не е поврзан со злосторствата на Леополд

Фото: Принтскрин видео Јутјуб

Сечењето на раце и злосторствата кои се спроведувале врз конгоанското население за што се зборува во објавата која ја анализираме се однесува на периодот на владеење на белгискиот крал  Леополд втори . Неговата власт врз тогашната Слободна држава Конго се карактеризирала со злосторства и систематска бруталност, вклучувајќи принудна работа, мачење, убиства, киднапирања и ампутација на рацете на мажи, жени и деца. Но, традиционалните чоколади не се поврзани со овие злодела, како што се тврди во објавата

Сечењето на раце и злосторствата кои се спроведувале врз конгоанското население, за што се зборува во објавата која ја анализираме, се однесува на периодот на владеење на белгискиот крал Леополд втори. Неговата власт врз тогашната Слободна држава Конго се карактеризирала со злосторства и систематска бруталност, вклучувајќи принудна работа, мачење, убиства, киднапирања и ампутација на рацете на мажи, жени и деца. Но, традиционалните чоколади не се поврзани со овие злодела, како што се тврди во објавата

 

Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од традиционалните чоколади во Белгија во форма на дланки од раце и притоа се тврди дека овој десерт настанал поради тоа што Белгијците им ги сечеле рацете на децата.

Белгијците, им ја отсекуваа раката на вашето дете ако не ја пополнивте вашата квота за тој ден.
Тие денес продаваат бонбони наречени „чоколадни раце“ и европско право. Ако мислите дека тоа не е апсолутно ДИЈАБОЛИЧНО, тогаш не знам кој дел од вашиот мозок е зарибан. Тие се познати само по нивните помфрит и вафли, а не по фактот дека тие речиси го истребија конгоанското население долго пред да се случи Холокаустот, стои во објавата.

Приказната за овој традиционален десерт во Белгија е поврзана со градот Антверпен, кој е престолнина на чоколадата, којашто се продава во различни форми и вкусови, а една од најпопуларните е во форма на рака.

Легендата за овие чоколади вели дека некогаш постоел моќен џин наречен Друон Антигун. Џинот ги тероризирал луѓето така што барал да се плаќа патарина за секој што минувал покрај неговото живеалиште крај реката Шелд. Кога некој не можел да плати, џинот му ја отсекувал раката и ја фрлал во реката. Меѓутоа, еден ден, еден храбар војник по име Силвиус Брабо го победил џинот во битка, а потоа му ја отсекол раката и ја фрлил во реката.

Некои сугерираат дека и името на градот Антверпен доаѓа токму од холандскиот назив за зборовите hand werpen или „рака фрлање“ (иако за ова се дебатира меѓу етимолозите). Со текот на годините, отсечените раце станале симбол на градот, прво како колачиња украсени со исечени бадеми, а подоцна како чоколади полнети со пралина или марципан. Надвор од градското собрание на Антверпен, на фонтаната Брабо има и статуа на херојот како ја фрла раката на џинот во реката.

Во потрага по кулинарски специјалитет од Антверпен, амстердамскиот еврејски слаткар Џос Хакер го смислил победничкиот дизајн во 1934 година: десерт бисквит во форма на рака. На негова иницијатива, Кралската асоцијација на мајстори слаткари од Антверпен организирала натпревар на кој учествувале 43 членови на здружението на слаткари. Шест учесници имале идеја да дизајнираат десерт бисквит во форма на рака. Двајца од нив ја имале приближно сега познатата форма. Меѓу нив и бисквитот кој го направи Џос Хакер. Тестото се состои од путер, шеќер, јајца, брашно и сечкани бадеми. Овие десерти не се само со црна боја, туку има и кафени и бели.

Сечењето раце и злосторствата кои се спроведувале врз конгоанското население, за што се зборува во објавата која ја анализираме, се однесува на периодот на владеење на белгискиот крал  Леополд втори . Неговата власт врз тогашната Слободната држава Конго се карактеризирала со злосторства и систематска бруталност, вклучувајќи принудна работа, мачење, убиства, киднапирања и ампутација на рацете на мажи, жени и деца. Но, традиционалните чоколади не се поврзани со овие злодела, како што се тврди во објавата. Ова не е првпат да се шират вакви невистини, Вистиномер пред речиси две години има објавено рецензија за тоа дека белгиските чоколадни рачиња немаат никаква врска со тиранијата на Леополд.

Иако се покажало дека е тешко прецизно да се процени претколонијалното население и за колку се намалило за време на Слободната држава Конго, која постоела во периодот од 1885 до 1908 година, проценките за падот на населението на Конго во време на владеењето на Леополд, се движат од 1 милион до 15 милиони. Причините за падот вклучуваат заразни болести, намалена стапка на наталитет и насилство и глад предизвикани од режимот.

Во 1908 година, извештаите за смртни случаи и злоупотреба, заедно со притисокот од Здружението за реформи на Конго и други меѓународни групи, ја натерале белгиската влада да ја преземе администрацијата на Конго од Леополд во текот на претпоследната година од неговото владеење. Слободната држава Конго на тој начин била реконституирана како нова територија, Белгиско Конго.

Имајќи ги предвид сите наведени факти, оценуваме дека оваа објава има сериозен недостиг на контекст. Точно е дека во Конго се случувале невидени злосторства, меѓу кои и сечење на раце на домородното население, но чоколадите од Антверпен во форма на рака немаат врска со тоа. Легендата за овие чоколади е постара од злосторствата во Конго, а, покрај тоа, ваквите чоколади не се симбол во цела Белгија, туку станува збор за локална карактеристика на градот Антверпен.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција