Нема индиции дека споменикот во Португалија бил уништен од пакистански имигранти

Фото: Принтскрин од социјалните мрежи

Споменикот е класифициран како национален споменик на Португалија, а ноќта, во вторникот на 30 јули 2024 година бил уништен. Според тоа што го пишуваат проверувачите на факти од Португалија, засега останува непознато дали станува збор за вандализам или за несреќа. Осомничени нема. Според информациите од полицијата кои ги добиле проверувачите на факти на „Полиграфо“, нема индикации дека делото е поврзано со имигранти и причините допрва треба да се утврдат

 

 

Споменикот е класифициран како национален споменик на Португалија, а ноќта, во вторникот на 30 јули 2024 година бил уништен. Според тоа што го пишуваат проверувачите на факти од Португалија, засега останува непознато дали станува збор за вандализам или за несреќа. Осомничени нема. Според информациите од полицијата кои ги добиле проверувачите на факти на „Полиграфо“, нема индикации дека делото е поврзано со имигранти и причините допрва треба да се утврдат

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија од уништен споменик со христијански крст и пишува:

Крстот Сао Лазаро во Португалија, изграден во 1386 година, во вторникот беше уништен од пакистански имигранти. Мејнстрим медиумите молк, да беше обратно ќе ни ги потечеа балоните. #ОбјавувамПоДиректива
Како што пишуваат неколку сервиси за проверка на факти во Португалија, не постојат никакви индиции, односно докази, ниту пак, полицијата во Португалија осомничила или навела дека пакистански имигранти стојат зад вандализирањето на споменикот. Сервисот за проверка на факти од Португалија „Полиграфо“ пишува дека за моделот на црквата „Свети Лазар“ во португалскиот град Гимареш, кој бил вандализиран, нема познати сторители и следствено, не се осомничени, ниту, пак, се споменати од страна на полицијата или пак, на Министерството за култура на Португалија – пакистански имигранти, како што тоа невистинито се тврди во објавата што ја рецензираме. Споменикот е класифициран како национален споменик на Португалија, а ноќта, во вторникот на 30 јули 2024 година бил уништен.
Според тоа што го пишуваат проверувачите на факти од Португалија, засега останува непознато дали станува збор за вандализам или за несреќа. Осомничени нема.

Според известувањето на парохискиот совет на Креиксомил објавено на Фејсбук, „општинската полиција била на местото на настанот и изолира споменикот“.

Културното наследство на Гимареш во парохијата Креиксомил стана посиромашно. Овој вторник, во 22 часот, споменикот на националното наследство – Padrão de S. Lázaro, лоциран на Rua D. João I, беше цел на несреќа или можен вандализам, се вели во објавата од 31 јули 2024 година.

Оттогаш, од Парохискиот совет не се соопштени други детали. Подоцна, Министерството за култура на Португалија посочи дека „со оглед на сериозноста на ситуацијата, Културното наследство/Јавниот институт го операционализираше патувањето на технички тим до Гимареш, со цел да се процени, не само материјалната штета предизвикана врз превртениот и искршен споменик, туку и да се разгледаат условите за негово реставрирање и да се разгледаат идните стратегии за да се спречат вакви настани“.

Проверувачите на факти на „Полиграфо“ ја контактирале полицијата, од каде добиле информација дека „нема индикации дека делото е поврзано со имигранти и причините допрва треба да се утврдат“.

Немаме никакви информации за поврзаност на лица од странска националност или која било вероисповед, нагласија надлежните од португалската полиција додавајќи дека причините уште не се познати и не се знае ни дали се работи за криминал или за природна причина поради која се срушил споменикот.

Случајот останува под истрага.

Инаку, проверувачи на друг сервис за проверка на факти, „Опсервадор“, посочуваат дека имало и дезинформации дека споменикот бил искршен наводно од Индијци, но и тоа е дебанкирано.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Нема докази, ниту индиции дека споменикот во Португалија бил уништен од пакистански имигранти.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција