А1 Македонија не продава Samsung S24 Ultra за 615 денари
Цената на овој телефон на официјалната веб-страница на телекомуникацискиот оператор А1 Македонија е 72.999 денари, а не 615 денари, како што тоа е прикажано во објавата. На веб-страницата на А1 Македонија, никаде не најдовме информација за наградна игра во која можете овој телефон да го добиете за 615 денари. Такво нешто нема ниту на официјалната Фејсбук страница на компанијата
Цената на овој телефон на официјалната веб-страница на телекомуникацискиот оператор А1 Македонија е 72.999 денари, а не 615 денари, како што тоа е прикажано во објавата. На веб-страницата на А1 Македонија, никаде не најдовме информација за наградна игра во која можете овој телефон да го добиете за 615 денари. Такво нешто нема ниту на официјалната Фејсбук страница на компанијата
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
A͏1͏ ͏g͏o͏ ͏z͏a͏t͏v͏o͏r͏a͏ ͏e͏d͏e͏n͏ ͏o͏d͏ ͏s͏v͏o͏j͏t͏e͏ ͏n͏a͏j͏g͏o͏l͏e͏m͏i͏ ͏m͏a͏g͏a͏z͏i͏n͏i͏ ͏i͏ ͏i͏m͏a͏ ͏v͏k͏u͏p͏n͏a͏ ͏r͏a͏s͏p͏r͏o͏d͏a͏z͏b͏a͏ ͏😱͏.͏ ͏ ͏
V͏o͏ ͏m͏o͏m͏e͏n͏t͏o͏v͏ ͏m͏o͏ž͏e͏t͏e͏ ͏d͏a͏ ͏k͏u͏p͏i͏t͏e͏ ͏S͏a͏m͏s͏u͏n͏g͏ ͏S͏2͏4͏ ͏U͏l͏t͏r͏a͏ ͏z͏a͏ ͏s͏a͏m͏o͏ ͏6͏1͏5͏ ͏d͏e͏n͏!͏ ͏ ͏
👉͏ ͏K͏l͏i͏k͏n͏e͏t͏e͏ ͏n͏a͏ ͏k͏o͏p͏č͏e͏t͏o͏ ͏„͏K͏u͏p͏i͏ ͏S͏e͏g͏a͏“͏ ͏i͏ ͏i͏s͏k͏o͏r͏i͏s͏t͏e͏t͏e͏ ͏b͏e͏s͏p͏l͏a͏t͏n͏a͏ ͏d͏o͏s͏t͏a͏v͏a͏ ͏d͏o͏ ͏v͏a͏š͏i͏o͏t͏ ͏d͏o͏m͏
Објавата споделува линк кој ве води до наводната наградна игра и каде ве информираат дека имате можност да го купите новиот Самсунг С Ултра за само 615 денари, но прво бара од вас да одговорите на неколку прашања.
Откако ќе ги одговорите прашањата, страницата ви дава можност да отворате кутии со подароци, од кои едната секако е добитна и потоа бара од вас да оставите лични податоци за да ви го испорача телефонот за 615 денари.
Вистиномер побара информација за цената на овој телефон на официјалната веб-страница на телекомуникацискиот оператор А1 Македонија. Цената на овој телефон е 72.999 денари, а не 615 денари, како што тоа е прикажано во објавата.
На веб-страницата на А1 Македонија, никаде не најдовме информација за наградна игра во која можете овој телефон да го добиете за 615 денари.
Такво нешто нема ниту на официјалната Фејсбук страница на компанијата.
Очигледно е дека станува збор за измама и лажна наградна игра која го злоупотребува името на А1 Македонија за да собере лични податоци на граѓаните.
Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар