Адренохромот се добива во лабораторија, не од детска крв
Единствениот извор за тврдењата на теоретичарите на заговор кои ја поддржуваат идејата на Кју Анон, може да се само филмовите и книгите и тоа базирани на фантазијата на авторот. Ниту една научна студија, клиничко испитување или официјална здравствена агенција не го поврзува адренохромот со подмладувањето. Нема докази дека оваа супстанца се користи за подмладување, ниту пак дека се добива со злоставување на деца со цел да се задоволат апетитите на елитите
Единствениот извор за тврдењата на теоретичарите на заговор кои ја поддржуваат идејата на Кју Анон, може да се само филмовите и книгите и тоа базирани на фантазијата на авторот. Ниту една научна студија, клиничко испитување или официјална здравствена агенција не го поврзува адренохромот со подмладувањето. Нема докази дека оваа супстанца се користи за подмладување, ниту пак дека се добива со злоставување на деца со цел да се задоволат апетитите на елитите
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
Крв барат да пијат а децата имат најчиста крв. Ке им застане на грло уште малку! Адренохромот во Холивуд од што беше толку скап.
Во склоп на мноштвото теории на заговор со кои се занимава движењето Кју Анон, е и оваа за адренохромот. Иако никогаш со докази не е потврдено дека постои некаква пракса да се екстрахира адренохром од деца, сепак овој наратив не престанува да циркулира на социјалните мрежи.
Според теоријата на заговор што ја шират поддржувачите на Кју Анон, адренохромот е супстанца која претставува еликсир на младоста и мора да се извлече од жив организам, а потоа жртвата да умре. Така, без докази, а со години, се тврди дека богати луѓе и елитисти ширум светот, дел од нив и политичари, актери од Холивуд итн, користат адренохром од телото на деца кои претходно биле киднапирани и мачени, за потоа да го консумираат и да останат млади.
Наспроти овие недокажани теории на заговор кои се содржани во објавата што е предмет на нашата анализа, фактите говорат дека адренохромот е хемиско соединение со молекуларна формула C9H9NO3, кое се добива со оксидација на адреналин (епинефрин). Тој се користи како лек во форма на негов дериват за лекување на загубата на крв како хемостатик. Адренохром нашироко се употребува за да се намали загубата на крв кај отворени рани и повеќето продавачи потенцираат дека е синтетички.
Може да се нарача на интернет од повеќе добавувачи, но само за истражувачки цели, на пример овде.
„Санта Круз Биотехнолоџи“, фирма во Калифорнија, продава синтетички адренохром за 55 долари за 25 милиграми.
Сите продажби се за лаборатории кои имаат сертификати да ја купуваат оваа хемиска состојка. Како што пишуваат странски проверувачи на факти, да се извлече адренохром од живо човечко битие, би претставувало многу комплицирана процедура, со многу чекори за прочистување и операции.
Тврдењата дека адренохромот има својства против стареење немаат никаква основа во реалноста и фактите.
Како што потенцираат проверувачи на факти од Грција, адренохромот е достапен за истражувачите во синтетичка форма. Според нив, идејата дека супстанцата мора да се извлече од жив организам за да има својства против стареење, освен што нема научна основа, се базира на филмот „Страв и омраза во Лас Вегас”, во кој еден од протагонистите продава адренохром и вели дека за да има ефект адренохромот мора да се извади од жив човек.
Единствениот извор за тврдењата на теоретичарите на заговор кои ја поддржуваат идејата на Кју Анон, може да се само филмовите и книгите и тоа базирани на фантазијата на авторот. Ниту една научна студија, клиничко испитување или официјална здравствена агенција не го поврзува адренохромот со подмладувањето. Нема докази дека оваа супстанца се користи за подмладување, ниту пак дека се добива со злоставување на деца со цел да се задоволат апетитите на елитите.
Поради сето тоа, објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар