Агенда 2030 и големиот ресет не се планови за нуклеарна војна, ни за посета на вонземјани
Ниту Агенда 2030, ниту годината 2025 во Агенда 2030, ниту пак, големиот ресет на Светскиот економски форум не планираат нуклеарна војна или доаѓање на вонземјани. Мајмунските сипаници, пак, исто така не се план, туку болест што се пренесува преку сексуален однос, контакт кожа со кожа и зборување или дишење во близина на друго лице. Симптомите се слични на грип, но потоа следува кожен осип и болеста може да биде фатална
Ниту Агенда 2030, ниту годината 2025 во Агенда 2030, ниту пак, големиот ресет на Светскиот економски форум не планираат нуклеарна војна или доаѓање на вонземјани. Мајмунските сипаници, пак, исто така не се план, туку болест што се пренесува преку сексуален однос, контакт кожа со кожа и зборување или дишење во близина на друго лице. Симптомите се слични на грип, но потоа следува кожен осип и болеста може да биде фатална
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
НУКЛЕАРКА vs ВОНЗЕМЈАНИ.Во 2020 кога ковид 19 “косеше” се појави “АГЕНДА 2030”.Клучното за Агендата беше големиот ресет. А клучно за големиот ресет беше полпат, т.е 2025. Во 2025 треба да започнат нуклеарна војна или да дојдат вонземјани?!За да во 2030 направат генерална проба за да се зацари непомјаникот, браќава што го викаат Деджал.Слабо им одат двете сценарија.…Досадно е со пандемија и сипаници.
Агенда 2030 воопшто не е поврзана ниту со доаѓање на вонземјани, ниту со нуклеарна војна, ниту пак како што се инсинуира во објавата што ја рецензираме – со „планирање на пандемија на сипаници“. Во текот на целата пандемија со ковид-19, одредени кругови пласираа дезинформации и заговорнички теории дека станува збор за „план“, а таквата тенденција продолжува и при следните појави на болести, како во случајов мајмунски сипаници, коишто Светската здравствена организација ги прогласи за глобална здравствена криза.
Досега „Вистиномер“ дебанкираше бројни дезинформации кои ја таргетираа агендата 2030, меѓу кои и тоа дека „со неа се цели да се убијат 7 милијарди луѓе“, дека поради неа „се уништува сточарството“, како и тоа дека таа цели да се воспостави „контрола врз човештвото“. Впрочем, станува збор за нешто многу поинакво.
Документот Агенда 30, тој претставува план за одржлив развој на кој се имаат согласено земјите членки на Обединетите нации во 2015 година, и вклучува во себе 17 глобални цели кои покриваат работи, како намалување на нееднаквоста и спречување на глад во светот.
Целите на Агенда 2030 се да заврши сиромаштијата во сите форми секаде, заедно со искоренување на гладта, да се обезбеди сигурност дека ќе има храна и подобра исхрана и да се промовира одржлива агрикултура, да се овозможи здрав живот и добросостојба кај сите возрасни групи, да се осигури инклузивно и квалитетно образование и можности за доживотно учење за сите, да се постигне еднаквост меѓу половите, да се охрабрат и зајакнат жените и девојчињата, да се обезбеди добар менаџмент на водата, да се осигури достапност на евтин, сигурен и модерен систем за енергија, да се промовира економски раст, достоинствена работа за сите, да се изгради отпорна инфраструктура, да се намали нееднаквоста меѓу земјите, да се направат градовите инклузивни, безбедни и одржливи, да се преземат итни дејства за борба против климатските промени и нивните ефекти, да се зачуваат океаните, морињата и марински ресурси за одржлив развој, да се заштитат терестријалните екосистеми, да се менаџираат шумите, да се промовираат мирни и инклузивни општества, да се овозможи правда за сите, да се изградат инклузивни институции на сите нивоа.
Во текот на пандемијата со ковид-19, многу се манипулираше со Агенда 30 од страна на теоретичарите на заговор, но проверувачите на факти на Ројтерс пишуваа дека невистинито е презентирана и дека неосновано ја поврзуваат со ковид-19.
Агенда 2030 е амбициозна иницијатива на ОН од 2015 година за да се решат најголемите човечки кризи до 2030 година и целиот документ може да се прочита на овој линк. Во неа, во точката 2.2 пишува:
До 2030 година да се прекинат сите форми на потхранетост и до 2025 година да се постигнат интернационално договорените таргети за спречување на слабеење и заостанување на деца под 5 години, како и да се адресираат нутритивните потреби кај девојки, бремени жени и жени што дојат, како и кај повозрасни лица.
Во точката 8.7 пак, пишува:
Да се преземат итни и ефективни мерки за да се искорени присилната работа, да се искорени модерното робство и трговијата со луѓе и да се обезбеди забраната и елиминацијата на најлошите форми на детски труд, вклучително и регрутирање и употреба на деца војници а до 2025 година да се искорени детската експлоатација во сите нејзини форми.
Во точката 14.1 се вели:
До 2025 година да се превенираат и значително да се намалат загадувањата на пристаништата од секаков вид, поточно оние предизвикани од копнени активности.
Големиот ресет пак, (The great reset) претставува иницијатива на Светскиот економски форум поради потребата глобалните стејкхолдери да соработуваат и симултано да ги менаџираат директните последици од кризата предизвикана од ковид-19. Иницијативата е почната од СЕФ за да се подобри состојбата на светот. Оваа иницијатива на Светскиот економски форум од моментот кога е отпочната, е „киднапирана“ од теоретичари на заговори, а тоа го констатира и Би Би Си.
Како што наведуваат на страницата на СЕФ, кризата која ја предизвика ковид-19, како и политичките, економски и социјални прекини предизвикани од истата, фундаментално го менува традиционалниот контекст на носење одлуки.
Ниту Агенда 2030, ниту годината 2025 во Агенда 2030, ниту пак, големиот ресет на Светскиот економски форум не планираат нуклеарна војна или доаѓање на вонземјани. Мајмунските сипаници пак, исто така, не се план, туку болест што се пренесува преку сексуален однос, контакт кожа со кожа и зборување или дишење во близина на друго лице. Симптомите се слични на грип, но потоа следува кожна болест и може да биде фатална.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар